Леклер: Нема многу да ми недостига Сајнц, тој не е моја девојка, но сепак ќе имаме добри односи - Канал 5

Леклер: Нема многу да ми недостига Сајнц, тој не е моја девојка, но сепак ќе имаме добри односи

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, зборуваше за врската со Карлос Сајнц кој ја напушти Скудерија. Леклер дојде на прошталниот настан што тимот го организираше за Карлос Сајнц.

Леклер: Нема многу да ми недостига Сајнц, тој не е моја девојка, но сепак ќе имаме добри односи

Моначанецот беше замолен да коментира за тоа како би било да се вози со различен тимски колега и дали ќе му недостига Сајнц, со кого заедно се тркаа за Ферари четири години.

- Од една страна, нема да ми недостига многу - на крајот на краиштата, ние сè уште ќе бидеме во исто натпреварување, буквално на 20 метри едни од други. А, како што веќе му кажав на Фредерик Васер, Карлос не ми е девојка. Но, да, јас и Карлос имаме добри односи и сигурен сум дека ќе продолжиме да поминуваме доста време заедно. Имаме добри односи и нема тоа да исчезне, рече Леклер.

Сајнц и Ферари пред неколку дена соопштија дека следната сезона нема да соработуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Победникот на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер и понтаму е лидер на АТП листата на најдобрите тенисери на светот со 13.450 бода.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Неговиот противник од финалето Саша Зверев загуби 360 бода – кои ги освои во Канада минатата сезона – и сега повторно е трет со 8.120 бода, со само 40 бода помалку од Карлос Алкараз, кој се подготвува за враќање на теренот по неколкумесечна пауза.

Феликс Оже-Алијасим е четврти со 4.740 бода, Новак Ѓоковиќ е петти, Данил Медведев напредуваше за едно место и сега е шести со 3.620 бода. Алекс де Минор падна за едно место на 3.560, Флавио Коболи се искачи за едно место на осмото со 3.330, додека Тејлор Фриц е деветти со 3.230. Бен Шелтон ја заокружува листата на најдобрите десет со 2.680 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случува со Аријана Гранде?

Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени 

Што се случува со Аријана Гранде?

Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед.

За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот.

Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура.

YouTube video

„Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

 Младиот француски фудбалер Ноа Нсоки (18) наскоро ќе го засили Динамо Загреб.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

Левиот бек може да игра и како офанзивен играч за врска, а доаѓа од редовите на европскиот шампион Пари Сен Жермен.

Нсоки ќе пристигне во Загреб во среда или четврток за да ги изврши лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор.

Динамо нема да плати за Нсоки, но од следниот трансфер заработката ќе ја делат „пола-пола“ со популарните „Светците“ од Париз.

Минатата сезона тој неколку пати тренираше со првиот тим на Париз, но конкуренцијата е преголема. Сепак, тој одигра вкупно 36 минути, влегувајќи во игра од клупата на два натпревари минатата сезона. Одигра 39 натпревари за младинскиот тим на Париз Сен Жермен, при што забележа 10 гола и шест асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер