Леклер не се задоволува со 2-3 победи во 2024 година - Канал 5

Леклер не се задоволува со 2-3 победи во 2024 година

 Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека нема да се согласи да освои неколку етапи во Формула 1 во новата сезона. Целите на Леклер се поамбициозни од само 2-3 победи во 2024 година.

Леклер не се задоволува со 2-3 победи во 2024 година

Минатата година Моначанецот не освои ниту една победа.

- Не, тоа не е доволно. Сакам да победувам што почесто и на крајот на годината ќе направиме биланс. По првата трка ќе може да се разбере колку сме конкурентни. Сè уште е многу тешко да се процени каде ќе завршиме на првото Гран При, а тоа е исто така еден од факторите. Сепак, не се стремам кон две или три победи, туку сакам да победам што повеќе трки, изјави Леклер.

Тој објасни како успехот на Макс Верстапен и Ред Бул влијае врз него.

- Ако зборуваме за мотивација, отсекогаш сум бил исклучително мотивиран. Неверојатно сум гладен за победи. Немав освоено гран при во 2023 година и едвај чекам да се вратам на највисокото скалило на подиумот, особено со Ферари. Колку и да беше разочарувачка сезоната 2023 - не се боревме за позициите за кои сакавме да се бориме - мислам дека тимот одговори многу добро од првата трка. Вториот дел од годината беше особено добар, тимот доби на интензитет, донесовме правилни одлуки и многу брзо се приближувавме до Ред Бул. Секако, целиме да ја започнеме сезоната посилно од пред една година. Потоа, со сличен напредок, ќе може брзо да се изврши притисок врз Ред Бул, потенцира Леклер.

Првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе се одржи на 2 март во Бахреин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт.

Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии.

Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира.

Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума.

Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group

Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. 

СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group

Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар.

Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо.

Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.

Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра.

Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.

Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра.

А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.

Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк до Руднап?

Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика.

Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија.

„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика.

Затоа што сè е бизнис за Мицкоски.

Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 20.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?

Девет жени се пронајдени мртви во близина на Јоханесбург. Постои страв од сериски убиец.

Девет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?

За помалку од два месеца, во областа Екурхулени, источно од Јоханесбург во Јужна Африка, пронајдени се телата на девет жени. Полицијата истражува дали некои од случаите се поврзани, додека во јужноафриканските медиуми се засилуваат шпекулациите за можен сериски убиец. Полицијата досега ниту го потврди, ниту го демантираше ова.

Последната жртва била пронајдена во четвртокот во Дон Парк. Се претпоставува дека таа имала околу 30 години. Телото било откриено на отворен простор покрај патот; локалните медиуми известуваат дека жената била делумно облечена и имала смртоносна повреда на вратот.

Полицијата формирала мултидисциплинарен тим за истражување на смртните случаи на жените.

Вршителот на должноста комесар на полицијата во Гаутенг, Фред Кекана, изјави дека истражителите откриле можни поврзаности меѓу некои од случаите, но дека се потребни дополнителни форензички и криминалистички наоди пред да се донесат какви било заклучоци.

Веќе е уапсен маж во врска со едно од убиствата; полицијата проверува дали тој може да се поврзе и со другите случаи, а истовремено истражува и друго лице.

Пет од деветте жртви сè уште не се идентификувани. Страв меѓу жителите Меѓу идентификуваните жртви е 38-годишната Динео Мотапане, чие тело беше пронајдено покрај патот во КваТема. Нејзиното семејство ја идентификуваше откако претходно пријави нејзино исчезнување во полицијата. Серијата смртни случаи предизвика страв кај жителите на Екурхулени и поттикна протести против насилството врз жените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер