Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
2Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
ФормулаЛеклер на пол позиција, дебакл на Верстапен во Сингапур Шарл Леклер ќе стартува прв на утрешната трка за ГН на Сингапур.Втор е Серхио Перез, а трет Луис Хамилтон, додека светскиот шампион Макс Верстапен направи страшна работа во квалификациите и ќе стартува од осмото место. Верстапен се откажа од брзиот круг на самиот крај на квалификациите. Иако беше лош во квалификациите, Верстапен теоретски може да ја одбрани светската титула утре, на пет трки пред крајот на сезоната. Во Сингапур пристигна со 335 поени, дури 116 повеќе од Шарл Леклер и 125 повеќе од сотимецот Серхио Перез. Холанѓанецот ќе ја освои својата втора шампионска титула ако победи на трката со најбрз круг, ако Леклер не биде подобар од осмото, а Перез не подобар од четвртото место. Верстапен може да победи и без најбрзиот круг, но тогаш Леклер не смее да биде подобар од деветти, а Перез не смее да биде подобар од петтото место. Ако еден од овие два исхода се случи утре, тоа би бил најбрзиот крај на една сезона во последните 20 години. Рекордот го држи Михаел Шумахер, кој во 2002 година ја освои титулата на 11 од 17-те трки во календарот, а десет години претходно титулата ја освои Најџел Менсел на пет трки до крајот. Verstappen can join Mansell if he wins the Championship this weekend! 🇸🇬#F1 #Formula1 #SingaporeGP pic.twitter.com/xSOoIDWUuo — F1Union (@F1Union) September 29, 2022 „Жал ми е за навивачите ако сезоната заврши толку рано. Никогаш не е добро, и сите се надеваат на сезона како лани, кога сѐ беше решено во последната трка“, изјави седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон пред трката во Сингапур.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалРеал Мадрид ја губи трката по Родри, капитенот на Шпанија на чекор од БарселонаПресврт околу трансферот на капитенот на светскиот шампион Шпанија, Родри.Најдобриот фудбалер од 23 Мундијал, ја избира Барселона. Иако со недели се поврзуваше со Реал Мадрид, капитенот на шпанската репрезентација, Родри, е пред трансфер во Барселона. Родри го направи клучен чекор кон трансфер во Барселона. Според „Марка“, фудбалерот синоќа ја известил управата на каталонскиот клуб дека сака да му се приклучи на тимот на Ханси Флик. Оваа одлука практично ја исклучи секоја можност за премин во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Барселона сега може да започне со подготовките за трансферот. Клубот ја обезбеди согласноста на играчот за започнување преговори со Манчестер Сити. Сепак, договорот нема да биде едноставен, бидејќи се очекува отштетата да изнесува најмалку 50 милиони евра – сума што клубот неофицијално ја потврди.Клубот неофицијално ја потврди веста.Тагови: Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВидео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови Тајфун се движи кон Јапонија. Се евакуираат 260 илјади луѓе.На стотици илјади луѓе во југозападен Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а денес беа откажани повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови. Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), пренесува Ројтерс. Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики. Надлежните очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата јачина додека се приближува кон Окинава, носејќи ризик од ветрови што би можеле да оштетат или урнат одредени објекти. Getting raked by back end of typhoon Dolphin now in N Okinawa pic.twitter.com/qD4gXNeXZL — James Reynolds (@EarthUncutTV) August 7, 2026 Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook