Леклер: Лудачки се мачиме со новиот болид - Канал 5

Леклер: Лудачки се мачиме со новиот болид

Возачот на Формула 1, Шарл Леклер во своето Ферари ја заврши трката во Мајами на разочарувачкото седмо место.

Леклер: Лудачки се мачиме со новиот болид

Неговиот колега Карлос Саинц заврши петти. Но, тој тргна од третата позиција, па и неговиот резултат е разочарување. Леклер зборуваше за проблемите низ кои минува неговиот тим со новиот болид.

„Имаме болид кој е неверојатно тешко да се дотера до лимитот. Сè уште сме многу далеку од тоа и се обидувам да најдам одговор на прашањето зошто сме толку добри во квалификациите, а на трките се мачиме како луди. Имаме многу работа пред нас. Едноставно, немам доверба во овој болид, не знам како ќе реагира од агол до агол. Исто така, тој е чувствителен на ветер“, изјави Леклер.

Леклерк беше најверојатниот конкурент на Макс Верстапен за светскиот шампионат минатата сезона. Ферари во оваа сезона влезе со големи амбиции, но моментално по пет трки е само на четвртото место во конструкторскиот поредок. Прв е Ред Бул, а потоа Астон Мартин и Мерцедес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Се очекува голем, моќен тајфун да стигне до копното во јужна Јапонија, Окинава и Амами.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Властите ги повикаа жителите во областите да останат во состојба на висока готовност поради силни ветрови, кои би можеле да достигнат повеќе од 200 километри на час и обилни дождови во текот на следните неколку дена, објави „NHK“.

Јапонските метеоролози соопштија дека тајфунот Долфин се наоѓал 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава.

Тајфунот се движи кон запад со брзина од 15 километри на час. Ветрови до околу 145 километри на час дуваат во близина на центарот на тајфунот, со максимални налети од околу 215 километри на час.

Ветрови од најмалку 90 километри на час дуваат во радиус од 220 километри од центарот на бурата. Се очекува максималната брзина на ветерот денес да достигне околу 125 километри на час во Окинава, 90 во Амами и околу 70 во јужен Кјушу. Налетите на ветерот веројатно ќе достигнат 180 километри на час во Окинава, околу 125 во Амами и околу 110 во јужен Кјушу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени.

За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер