Леклер ја доби тактичката битка со Мекларен и победи на Монца

Леклер има 215 бодови, а Пјастри е четврти со 197.

Шарл Леклер (Монако, Ферари) победи во импресивната стратешка битка со Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) и Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) на легендарната трка за Големата награда на Италија во Монца, на која лидерот во шампионатот Макс Верстапен заврши едвај на шестото место и неговата предност на врвот продолжи да се топи.

Карлос Саинц (Ферари) заврши на четвртото место, а зад него беа Хамилтон, Верстапен, Расел и Перез на осмото место.

Верстапен, кој нема освоено Шпанско ГП во екот на летото, има 303 поени, а Норис сега заостанува 62 по неговата трета позиција во Монца и најбрзиот круг.

Леклер има 215 бодови, а Пјастри е четврти со 197./МИА

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА.

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:

„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години.

Без вода дел од Чаир

Поради дефект на водоводната мрежа, без вода од 10:30 часот се корисниците на улиците „Петре Георгиев“ и „Чаирска“.

ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Бонучи: Гвардиола сакаше да ме донесе во Манчестер сити

 Поранешниот дефанзивец на италијанската фудбалска репрезентација Леонардо Бонучи зборуваше за тоа како можеше да заигра во Премиер лигата во 2016 година.

- Кога решив да го напуштам Јувентус во 2017 година, Манчестер сити и ПСЖ ме бараа. Тие ги испратија своите финансиски понуди, но јас сакав да останам во Италија и решив да се приклучам на Милан. Гвардиола веќе сакаше да ме види во Манчестер сити во летото 2016 година, изјави Бонучи за „Sky Sports“.

Бонучи го напушти Јувентус во 2017 година и се пресели во Милан. Една година подоцна, дефанзивецот се врати во клубот од Торино.

Последни два клуба пред да ја заврши кариерата во мај годинава, на Бонучи беа Унион Берлин и Фенербахче.

притисни ентер