Лекарската комора ќе додели лиценци за работа на доктори - Канал 5

Лекарската комора ќе додели лиценци за работа на доктори

Лекарската комора денеска свечено ќе додели лиценци за работа на доктори на медицина, на настан организиран по повод одбележување 20-годишен јубилеј од нејзината работа. 

Лекарската комора ќе додели лиценци за работа на доктори

Како што информираат од Лекарската комора, оваа година се навршуваат 20 години откако Комората, согласно Законот на здравствена заштита, доби овластувања да организира полагање стручен испит, да издава лиценци за работа и да акредитира настани од континуирана медицинска едукација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик

СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик

Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори. Тоа прво го прифатија, а сега токму поради тоа го блокираат Законот.

Очигледно е дека на СДС и Левица им пречат реформите, напредокот и секој успех на Македонија.

СДС и Левица треба да знаат дека овој Изборен законик не е партиски документ. Тој е дел од Реформската агенда, усогласуван со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и е важен чекор кон исполнување на обврските што државата ги има преземено.

Затоа е неразбирливо зошто СДС и Левица денес го блокираат токму она што вчера го договараа. Единствениот логичен одговор е дека политичката пресметка им стана поважна од интересите на државата.

Ги повикуваме да престанат со политичките игри, да ги повлечат амандманите кои служат само за опструкција и заеднички да го донесеме Изборниот законик во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата да биде заложник на политички калкулации. Ќе продолжиме да работиме одговорно, да ги спроведуваме реформите и да ги штитиме интересите на сите граѓани, вклучително и на македонската дијаспора, која заслужува еднакво и современо право на глас.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација Богдан Богдановиќ постигна договор за едногодишен договор со Хјустон Рокетс.

Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Според Шамс Чаранија, најдоверливиот НБА инсајдер од ESPN, Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА.

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација постигна договор за едногодишен договор со Хјустон Рокетс.

Со месеци се шпекулираше дека популарниот Богдан би можел да се врати во Европа, се споменуваа екипите на Партизан, Фенербахче, Панатинаикос, Реал Мадрид...

На крајот се случи најреалното сценарио и популарниот Боги ќе ја игра 10-тата НБА сезона во кариерата, со што ќе ги оствари сите придобивки и по крајот на кариерата ќе добива полна НБА пензија.

Хјустон беше исклучително упорен во намерата да го ангажира Србинот, гледајќи во него идеално засилување и еден од најдокажаните шутери во најсилната лига во светот.

Целта на тимот од Хјустон е со ангажманот на Боградновиќ да се ослободат најголемите ѕвезди на франшизата, Кевин Дурант и Алперен Шенгун.

Инаку вва ќе биде четвртиот клуб во НБА кариерата за Богдановиќ.

Капитенот на Србија кариерата во НБА ја започна во Сакраменто Кингс во 2017 година, а потоа по три сезони отиде во Атланта Хокс каде што остана речиси пет сезони и на крај во Клиперс.

Изминатата сезона беше преполна со повреди со само 23 одиграни натпревари, што донесе најлош број на поени откако дојде „преку барата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии.

Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии

Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ.

Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни земјава и кои резултираа со одобрување на 142,1 милион евра во рамки на Реформската агенда.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата истакна дека Инструментот за реформи и раст е клучен двигател на реформите коишто ќе ги зајакнат јавните институции, ќе го подобрат управувањето, ќе поттикнат економски раст и ќе го забрзаат нашиот пат кон членство во Европската Унија. При тоа, потенцира дека посветеноста на Европската Комисија во поддршката на нашите реформски напори преку редовни мониторинг состаноци и обезбедување техничка помош помага да напредуваме во клучните политички области.

Како дел од Реформската агенда Министерството за финансии исполни чекор којшто се однесуваше на зајакнувањето на јавната внатрешна финансиска контрола, со усвојувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска постигнато е целосно усогласување со меѓународните стандарди и принципите на ЕУ. Повеќе од 80% од буџетските корисници на централно ниво и 75% на локално ниво поднесуваат извештај за извршените внатрешни ревизии, додека повеќе од 70% од примарните буџетски корисници на централно ниво имаат документ за управување со ризик, вклучително и антикорупцискиот ризик и ги евидентираат идентификуваните ризици во плановите за ублажување на истите.

Понатаму е зајакнување на системот за јавни набавки, односно користењето на аукциите за набавки во фискалната 2025 година се намали на максимум 40% од набавките и целта поврзана со користењето на е-аукции е постигната. При тоа нивното учество останува под максималниот праг дефиниран во Реформската агенда, со што се придонесува за подобрена транспарентност, конкуренција и ефикасност.

Исто така, е постигнат напредок во спроведувањето на Законот за буџети и реформите во делот на управувањето со јавните инвестиции.

Во областа на Управување со јавни инвестиции, по усвојувањето на Уредбата за управување со јавни инвестиции, Министерството за финансии подготви и објави Насоки за изработка на студии за изводливост и Прирачник за процесот на управувањето со јавните инвестиции и спроведе обука за вработените во јавниот сектор за примената на истите. Конечната приоритетна листа на проекти за јавни инвестиции беше усвоена од овој Комитет во мај 2026 година, по што следува усвојување на листата од страна на Владата. Исто така развиено е привремено ИТ решение на соодветно ниво кое е пополнето со податоци од одобрени концепти за проекти и мониторинг извештаи, на тој начин се обезбедува централизирана база на податоци којашто ги опфаќа и тековните и новите проекти на национално ниво, поддржувајќи го изборот на буџетски кандидати и следењето на финансиското спроведување на проектите.

Во изминатиот период како дел од Реформската агенда донесени сите 17 подзаконски акти предвидени во Законот за буџетите. Воспоставен е регистар на јавни субјекти, ревидирани се буџетските класификации, а организациската структура на буџетските корисници е рационализирана, со што бројот на примарни буџетски корисници е намален од 85 на 35, при што буџетските корисници од втора линија се јасно идентификувани.

Министерството за финансии дополнително ги исполни пред утврдениот краен рок чекорите коишто се однесуваа на олеснување на пристапот до заеми за мали и средни претпријатија со проширување на издадените гаранции според државните кредитно-гарантни шеми и зголемување на бројот на мали и средни претпријатија кои имаат корист од кредитно – гарантните шеми.

Во рамките на четвртото барање за ослободување на средства, во рамки на Планот за раст, Министерството за финансии ќе достави две фишиња за двата многу важни чекори во областа Деловно опкружување, во рамки на реформата Поттикнување развој на мали и средни претпријастија (МСП) преку донесување и спроведување на новата стратегија за МСП. Министерството за финансии работеше на исполнување на препораките на Европската комисија во врска со олеснување на пристапот до заеми, со измена на релевантното законодавство за да се овозможи користење нематеријални средства како колатерал при кредитирањето на мали и средни претпријатија, како и на исполнување на препораките на Европската комисија во врска со спроведување темелно истражување за тековното користење лизинг од мали и средни претпријатија и законските одредби, воведување на потребните измени за да се поттикне користењето лизинг како опција за финансирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер