ЗдравјеЛекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на докторот КузмановскиЕкс директорот на Неврологија Д-р Игор Кузмановски три месеци да оди на обука и да полага испит за да може пак да работи како доктор. Ваква одлука донесе Лекарската комора која го разгледа неговото барање за продолжување на лиценцата за работа, а откако тој беше експресно разрешен од позицијата директор, по објавената снимка на социјалните мрежи на која се гледа како во домашни услови меша бела прашкаста материја и коментира за квалитет на кокаин. Од Лекарската комора велат дека мора да постапат по неговото барање, бидејќи не постои судска пресуда или друг правен акт кој би условил одбивање на барањето, сепак додаваат дека користат засилен механизам на контрола и едукација. -Како резултат на констатираните наводи и за да се гарантира заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, Комората, покрај законски утврдените услови, донесе одлука за преземање на дополнителни мерки. За да може неговото барање да биде одобрено, Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детална проверка на стручните знаења и способности, - Лекарска комора . Во Комората тече уште една постапка за Д-р Кузмановски, сеопфатна процедура поврзана со неговото етичко однесување како доктор, но сепак за да донесат конечна одлука ги чекаат доказите за неговата стручност, односно да заврши работатата на комисиите на Министертвото и Клиниката за неврологија. Конечен исход од работата на комисиите треба да има на средината на идниот месец, бидејќи рокот е до 13 -ти ноември, потврдува новиот Директор на неврологија Д-р Јован Божиновски. Двете комисии работат, а задачата им е да ја утврдат вистинитоста на неговото работно досие, а да ја оценат и негова стручност. -Во тек е работата на внатрешните комисии. Двете комисии бројат по три членови, секоја засебна. Крајниот рок до кој треба да се достави одговор од сработеното, односно писмен извештај е 13.11.2025 год. По што тие извештаи ќе бидат доставени до Министерството за здравство. Инаку, до овој момент докторот е на боледување,- - Д-р Јован Божиновски – Директор на Клиниза за неврологија. Инаку, откако беше објавено компромитирачкото видео, Кузмановски преку социјалните мрежи јавно се извини и изрази каење за постапката која, како што наведе, се случила далеку пред тој да стане директор, нарекувајќи го своето однесување „момент на слабост“ и кажа дека ќе продолжи да работи како доктор, она што го сака и знае, да спасува животи.Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратонВо недела од 06:00 до 14:00 часот дел од улиците и булеварите во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници.Скопје во недела, 4 октомври, ќе биде во знакот на 22. Виз Ер Скопскиот маратон, поради што дел од улиците и булеварите во градот ќе бидат затворени за сообраќај. Од 06:00 до 14:00 часот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници. Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром. Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ. Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“. На посочените сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен. Организаторите ги замолуваат граѓаните за разбирање поради привремениот сообраќаен режим и ги повикуваат навреме да го испланираат своето движење во недела, со избор на алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром во ЕвропаМакедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција. Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот. Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди. Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk. Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
БизарноВејн Руни по двете трансплантации ја осигурал својата коса Европскиот фудбалски великан Вејн Руни одлучил да ја осигура својата коса. Легендата на англискиот фудбал и на „Манчестер Јунајтед“ – кој сега има 40 години – пред повеќе од една деценија се подложи на две постапки за трансплантација на коса за да го реши проблемот со опаѓањето на косата. Тој сега е толку задоволен од својот изглед што одлучи дополнително да ги заштити резултатите од тие зафати. Руни, кој моментално работи како фудбалски аналитичар и ко-коментатор во емисијата *Match of the Day*, откри дека поседува полиса за осигурување на својата коса. Тој го обелодени ова во најновата епизода од документарната серија за неговото семејство, *The Real Rooneys*, која се прикажува на платформата Disney+. Пред да замине на скијање, тој потврди дека ја осигурал својата коса, додавајќи дека тоа е единствениот дел од неговото тело што некогаш го осигурал. Во последните месеци, Руни значително го промени својот изглед, а особено внимание привлече неговата фризура. Поранешниот напаѓач исто така имаше операција на носот, откако двапати го скрши за време на својата играчка кариера. Покрај тоа, тој изгуби значителна тежина откако престана да консумира алкохол, почна да се храни поздраво и редовно вежбаше во теретана. Руни својата трансформација ја припишува на новите животни навики и ги отфрла шпекулациите дека користел инјекции за слабеење. За оваа тема тој зборуваше во емисија во која учествуваа и неговата сопруга Колин (40) и нивните четири сина – Каи (16), Клај (13), Кит (10) и Кас (8). „Се чувствувам одлично. Веќе некое време не пијам алкохол. Едноставно сакав да се чувствувам поздраво и да бидам поздрав“, рече Руни. „Исхраната ми е многу подобра и тренирам. Сите зборуваат дека користам инјекции за слабеење, но тоа не е точно – сакам да го разјаснам тоа. Навистина се трудам да изгледам подобро и да бидам поздрав.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49