Лекарската комора го поздрави Предлог-законот за заштита од пушење: Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси - Канал 5

Лекарската комора го поздрави Предлог-законот за заштита од пушење: Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси

- Докторите секојдневно се соочуваат со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад.

Лекарската комора го поздрави Предлог-законот за заштита од пушење: Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси

Лекарската комора на Република Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, а сè со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи, се нагласува во денешното соопштение.

- Докторите секојдневно се соочуваат со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад. Кардиоваскуларните заболувања, малигните болести, хроничните белодробни состојби и бројни други здравствени проблеми, директно или индиректно се поврзани со пушењето и претставуваат сериозен товар и за поединецот и за здравствениот систем, истакнуваат од Комората.

Следејќи ги добрите европски практики, како што се подвлекува во соопштението, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, значително ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници на овие производи - особено кај младите - ефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање здрава животна и работна средина.

- Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси. Веруваме дека доследното почитување на законските ограничувања ќе резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество. Лекарската комора останува подготвена активно да учествува во креирање на јавна свест за опасностите од употребата на никотински и тутунски производи, како и да даде поддршка за мерките што водат кон поздрава, побезбедна и посовесна заедница, потенцираат од Комората.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријател

Ситуацијата пред изборот за нов претседател на ФИФА полека се вжештува. Дали Џани Инфантино и понатаму ќе ја води светската фудбалска асоцијација ФИФА по неговите контроверзни одлуки во последниот период. 

Предавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријател

По низата погрешни потези на Џани Инфантино, се чини дека се зголемуваат шансите тој да биде сменет на гласањето во март.

Европските федерации, пак, не го послушаа Инфантино и застанаа на страната на УЕФА.

Сепак, една голема федерација – француската – би можела да ги изневери останатите и да застане зад Инфантино.

Филип Дијало, претседателот на FFF, досега јавно се воздржуваше од коментар за ова прашање и сè уште официјално не ја повлекол својата поддршка за Инфантино.

УЕФА стравува дека Франција ќе го изневери планираниот бојкот и дека Диало е „новиот најдобар пријател“ на Инфантино.

Во меѓувреме, француската територија Нова Каледонија, која главно гласа исто како Франција, објави соопштение во кое го поддржува Инфантино.

Новинарот Ромен Молина, во видеото насловено „Француско предавство“, истакнува дека Диало одлучува самостојно и дека останатите членови на Извршниот одбор на ФФФ не биле информирани. За да го замени актуелниот претседател на ФИФА, на УЕФА ќе ѝ бидат потребни 106 гласа против Инфантино од вкупно 211 членки. Европа има 55 членки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари

За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари, економските политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети.

За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците.

Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%.

За разлика од периодот на СДС кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%.

Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан.

Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДС со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Што точно договараше Христијан Мицкоски во Брисел додека беше на „екскурзија“ со семејството?

СДСМ: Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Разговори што не се официјални. Средби што не се пријавени преку Министерството за надворешни работи.

Преговори за иднината на државата, без ниту еден претставник на Владата.

Како е можно премиерот на една држава да оди на „неофицијални“ разговори за клучното прашање - европската иднина на Македонија, без знаење и без учество на дипломатијата?

Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани?

Одговорот е еден и јасен:

Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост.

Тој одлучува сам.

Тој преговара сам.

Додека Тимчо Муцунски зборува за разговори „под радарот“, Мицкоски тие разговори ги води лично, во семеен аранжман, далеку од очите на јавноста и институциите.

Ова не е државничка одговорност. Ова е приватизација на државата.

Граѓаните имаат право да знаат:

Што е договорено?

Што е прифатено?

Што е скриено?

Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така.

И нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии.

Скопје, 15.8.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер