Лекарска комора: За пациентите со прележан Ковид19 неопходна е физикална рехабилитација - Канал 5

Лекарска комора: За пациентите со прележан Ковид19 неопходна е физикална рехабилитација

Значителен број од пациентите по прележан Ковид19 имаат потреба од физикална рехабилитација поради намалена физичка кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност и намален  квалитет на живот.

Лекарска комора: За пациентите со прележан Ковид19 неопходна е физикална рехабилитација

Ова го истакна асс. д-р Билјана Калчовска од Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во неделната онлајн дискусија која ја организираше Лекарската комора на тема „Рехабилитација на пациенти по прележан Ковид19". Настанот и оваа недела го модерираше претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека пост-ковид компликации се јавуваат на различни системи на човечкиот организам и дека тие бараат понатамошен стручен третман и лекување.

Асс. д-р Калчовска објасни дека рехабилитацискиот третман на пациентите со Ковид19 е организиран во неколку фази. Во акутната фаза третманот се одвива во одделенијата за интензивна и пост-интензивна нега во ковид болниците. Тука со помош на физикалната терапија се оптимизира дишењето, се ослободува од прекумерниот секрет и се спречуваат и лекуваат компликациите. Во пост-акутната фаза која се одвива во болниците и одделите за рехабилитација се идентификуваат и менаџираат зафатените органи и се олеснува патот кон овозможување на нормално функционирање и извршување на секојдневните активности. Фазата на продолжено лекување се спроведува во домашни услови, каде физикалната рехабилитација помага за намалување на онеспособеноста, оптимизирање на функционирањето и подобрување на независноста и квалитетот на животот.

Планот за рехабилитација треба да биде индивидуализиран за секој пациент и треба да се спроведува во текот на целото лекување, започнувајќи од приемот на пациентот во болница, во текот на хоспитализацијата на ковид одделенијата, па се до неговото отпуштање од болница и насочување на пост-ковид рехабилитација. Планот за рехабилитација треба да биде прилагоден на состојбата и тежината на клиничката слика на пациентот, а посебно внимание треба да се обрне на постарите пациенти, пациентите со зголемена телесна тежина и оние со придружни коморбидитети. Интензитетот на вежбите треба да биде во согласност со нивната физичка сила и не треба да доведе до дополнително оптоварување на дишењето, зголемување на можноста за појава на респираторен дистрес, ниту пак да доведе до пад на сатурацијата на кислород во крвта.

„Матичните лекари и специјалистите од различни специјалности треба секогаш да имаат предвид дека најголем дел од пациентите после прележана Ковид19 инфекција имаат потреба за рехабилитација. Специјалистите физијатри мораат и треба да преземат активности во насока за спроведување на пост-ковид рехабилитација во местата каде што работат. Најголем број од овие пациенти имаат компликации во текот на рехабилитацијата и мора да бидат под надзор од страна на лекар специјалист физијатар", истакна асс. д-р Билјана Калчовска.

Со третманот се постигнува активирање на мускулатурата и зајакнување на дишните мускули, зголемување на подвижноста на градниот кош, подобрување на проодноста на дишните патишта и продлабочување на дишењето, стимулирање на циркулацијата на крвта, урамнотежување на работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, како и спречување на хипотрофија на мускулите и слабеење на целиот организам.

Во презентацијата асс. д-р Калчовска даде и фотографски приказ на вежбите кои може да ги прават пациентите, а во одговорите на прашањата потенцираше дека специфично е тоа што сите болни имаат различна клиничка слика, поради што и пристапот и третманот мора да биде индивидуален. Досега на клиниката се лекувале околу 150 пост-ковид пациенти, при што најголем дел од нив при прием биле кислородно зависни, додека при испис најголем дел дишеле самостојно и оспособени за враќање на нормалните секојдневни активности. Меѓу овие пациенти нема на детска возраст, бидејќи кај нив обично Ковид19 не прави поголеми компликации, но и во тој случај се препорачува недела до две да се избегнуваат поинтензивни физички активности.

Лекарска комора

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер