Лекарска Комора: Ќе преземеме мерки, кога ќе го добиеме решението од Таравари - Канал 5

Лекарска Комора: Ќе преземеме мерки, кога ќе го добиеме решението од Таравари

Лекарската комора со објаснување, дека комората нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор за лекувањето на 14-месечното девојче.

Лекарска Комора: Ќе преземеме мерки, кога ќе го добиеме решението од Таравари

Од комисијата во писмено соопштение до медиумите велат дека ќе чекаат решение од министерот за здравство Таравари со точно ќе прецизира одговорност и тогаш ќе се предложат мерки согласно прописите.

„Лекарската комора не може ниту самоинцијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен. Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги“.-Лекарска Комора.

Комисијата предложена од министерството за здравство утврди дека има пропусти во целиот процес на лекување на 14 месченото бебе кое почина на клиниката за детски болести. Вчера министерот Таравари посочи дека тој не може да даде отказ на вработените во двете болници, одговроност треба да бараат директорите. Со извештајот не се согласија од клиничката болница „ Козле“ кои во писмено соопштение кажаа дека се е направено за детето и поради влошената сосотјба веднаш било пратено на клиниката за детски болести.

Детето почина на 7 октомври во Клиниката за детски болести. Родителите сведочеа дека детето било вратено од болницата со терапија за дома, а тоа било во лоша состојба, па потоа заминале во болницата во Козле. Фамилијата потврди дека ќе поднесе приватна тужба за клиниката за детски болести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Пред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Првиот човек на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на социјалните мрежи се огласи за анкетата на МКД.мк.

Максим Димитриевски:  Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Бидејќи анкетите многу често служат за креирање а не за сондирање на мислење а со цел работите да бидат појасни ќе објавам само еден резултат.

- Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та по нарачка на НДИ спроведена од агенцијата Маркет вижн Скопје на 1053 теренски испитаници, национален примерок (етничка припадност, пол, возраст).

Повелете заклучокот изведете го сами?!

- Јас лично сметам дека најдобрата анкета се добива на избори според резултатот, напиша Димитревски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!

Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.

Видео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!

Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем.

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот.

Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер