Лекарска комора: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите - Канал 5

Лекарска комора: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите

Лекарската комора на РМ ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи. 

Лекарска комора: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите

Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето.

Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент.

Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите.

Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.

Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван.

Лекарска Комора на РМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска.

На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери.

Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации.

Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија.

Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. 

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА.

Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат.

Полицијата ги прегледува снимките

Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот.

Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно.

Ленс веќе е на условна казна

За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар.

Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер