ЖивотЛекарот на Мајкл Џексон на слобода поради преполните затвори Лекарот кој беше обвинет за убиството на Мајкл Џексон од понеделник е слободен човек.Конрад Мареј кој му беше личен лекар на Џексон и кој за убиство од небрежност беше осуден на 4 години затвор, е ослободен по отслужени две години од казната и тоа како дел од програмата за решавање на проблемите со преполнетите затвори во Калифорнија. Оваа одлука само го засили револтот во семејството џексон, но ги разлути и фановите на музичката ѕвезда, откако претходно беше објавено дека Мареј барал контакти со познати издавачи на книги и поднел барање за обнова на лекарската лиценца во неговиот роден Тексас. Мареј беше обвинет дека бил невнимателен кога на Џексон му го препишал седативот пропофол, што беше главна причина за смртта во 2009- та година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаНа полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денариОд вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари. Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28