Лекарката Јадранка Видак која работи во болница во Лондон, за искуствата со делта сојот - Канал 5

Лекарката Јадранка Видак која работи во болница во Лондон, за искуствата со делта сојот

Делта сојот многу побрзо ја влошува состојбата кај пациентите за разлика од другите соеви. 

Лекарката Јадранка Видак која работи во болница во Лондон, за искуствата со делта сојот

Според лекарката Јадранка Видак која работи во болница во Лондон, состојбата прогресира само за неколку часа.

За искуставата со делта сојот за Канал 5 објаснува цитопатологот Јадранка Видак која работи во болница во Лондон. Со неа разговараше Мирјана Мирчевска –Јовановиќ.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Несреќа во Србија: Таткото прегазил дете (1) со трактор

Страшна несреќа вчера го потресе едно мало место во Србија кога маж со трактор го прегазил своето едногодишно дете.

Несреќа во Србија: Таткото прегазил дете (1) со трактор

Како што дознава српскиот Блиц, таткото се движел наназад со тракторот и по несреќен сплет на околности, го прегазил детето кое се нашло зад тракторот.

Детето починало на самото место. Од ПУ Нови Сад за овој медиум потврдиле дека се случила оваа трагедија, а полицијата извршила увид.

Според зборовите на извор добро запознаен со истрагата, таткото со прикачена прскалка се подготвувал да оди на нива.

Мицкоски:Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП

Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг.

Мицкоски:Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов.

-Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле „помалку слушај што зборуваат повеќе гледај што работат“. Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат. На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го збруваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, прашан да ја искоментира вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев.

Мицкоски изрази очекување Софија да ја прифати средбата во рамки на состанокот на НАТО во Хаг, и како што истакна, „да се разговара и за Коридорот 8, да тргне и таму работата, да биде и тоа приоритет кај нашиот источен сосед, и како добри соседи да ги градиме нашите меѓусебни односи“.

Бугарскиот претседател Радев синоќа од Тирана порача дека не станува збор за нерешени билатерални односи, за за наметнување вето или за запирање на процесот на интеграција, туку за внатрешни предизвици кои се поврзани со човековите права во Република Македонија. -Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи, рече Радев.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски вчера изјави дека дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности, но наше и да ставиме јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања поврзани со идентитетските атрибути.

Премиерот Мицкоски викендов информираше дека е остварена комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во државава по иницијативата за средба со бугарската страна и оти има предлог термин, за кој се чека да се изјасни Бугарија. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, во петокот кажа дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг, со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев не доаѓа во Хаг, во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции.

ЈПДП го објави Извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридор 8 и 10д

ЈПДП го објави Извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридор 8 и 10д за периодот од 1 до 30 април годинава.

ЈПДП го објави Извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридор 8 и 10д

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.

Според Извештајот, објавен вчера на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), за делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 30 проценти за Букојчани-Гостивар, а од 49 проценти за Прилеп-Битола.

Како што информираа претходно за МИА од ЈПДП, од градежните активности што се одвиваат на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини. Сите активности се одвиваат со зголемена динамика.

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79 евра. Во април годинава, според Извештајот на надзоорт, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од 599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

Во активностите, изведувачот заклучно со април ангажирал 1833 лица и 1082 градежни машини.

Кон „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д заклучно со минатата година беа исплатени 261 милион евра, а годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени 130 милиони евра. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар–Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп–Битола на 25 километри.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше склучен во март 2023 година.

притисни ентер