Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
2Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗдравјеЛекарите тврдат дека ова е најздравиот ручек за вашите црева Ги намалува најчестите дигестивни тегобиЗдравјето на цревата е многу важно, цревниот микробиом има клучна улога во здравјето на секој поединец, го контролира имунитетот, варењето, апсорпцијата на хранливите материи, па дури и расположението. Истражувањата покажуваат силна поврзаност помеѓу здравјето на цревата и когнитивните функции, вклучувајќи ја и обработката на информации и помнењето. Како нерамнотежата во цревата се одразува на телото? Дисбалансот во цревата може да предизвика умор, лош сон, проблеми со кожата, како акни или розацеа, промени во телесната тежина, воспаленија итн. Проблемите со цревата често не се задржуваат само на дигестивниот систем, туку влијаат на целиот организам. Главни причини за проблеми со цревата Проблемите со цревата во голема мерка се поврзани со начинот на исхрана. Две најчести причини се ултрапреработената храна и намирниците богати со шеќер, поради што здравата и балансирана исхрана е исклучително важна. Стручните лица открија каков би требало да изгледа идеалниот ручек за да имате здрави црева. Зошто ручекот е клучен оброк? Д-р Кезија Џој, регистрирана жена-диететичар и нутриционист објаснува дека ручекот е исклучително важен бидејќи тој ги поставува темелите за остатокот на денот. На тој начин, телото обезбедува доволно време за варење кое природно станува побавно во подоцнежните часови. Најдобар ручек за здрави црева Д-р Џејмс Кларк, специјалист гастроентеролог, објаснува дека идеалниот ручек треба да содржи немасни протеини, здрави масти, разновидни извори на растителни влакна и ферментирана храна. Пример за таков оброк е пилешко, или лосос на скара, печен зеленчук и мешана зелена салата, леќа или киноа, маслиново масло со мал прилог ферментирана храна, како кисела зелка, кефир или јогурт. Како овој оброк делува на организмот? Овој вид оброк се издвојува бидејќи го поттикнува варењето на повеќе нивоа. Ги храни корисните цревни бактерии, го намалува воспалението, поттикнува стабилно ниво на шеќер во крвта, спречува нагли скокови и падови кои го нарушуваат варењето и нивото на енергија. Заситува, но не е тежок, што е клучно за здравјето на цревата, објаснува д-р Кларк, пренесува Story. Препорака на диететичарите И Кезија Џој препорачува сличен оброј, таа советува комбинација од киноа, лиснат зелен зеленчук, печен зеленчук и малку маслиново масло. Според нејзините зборови, ваквата комбинација обезбедува стабилен доток на енергија и го олеснува варењето. Комбинацијата од влакна, протеини и масти го успорува процесот на варење и помага во развојот на корисни бактерии во цревата. Успорувањето на варењето исто така ја намалува веројатноста за подуеност и непријатно чувство во текот на денот – истакнува таа. Хранливи материи клучни за здрав микробиом Стручните лица се согласуваат дека за здравјето на цревата е важно ручекот да содржи: протеини, кои го продолжуваат чувството на ситост, го стабилизираат нивото на шеќер во крвта; здрави масти, кои ги намалуваат воспаленијата; полифеноли од разнобојни растителни намирници кои ги хранат добрите бактерии; како и пробиотици и пребиотици за разновиден микробиом. Оваа комбинација обезбедува изобилство на влакна кои го поттикнуваат варењето и спречуваат вообичаени дигестивни проблеми. Заедно, овие хранливи материи помагаат во одржувањето на отпорен дигестивен систем и ги намалуваат пронблемите како подуеност, запек и воспаление на цревата – заклучува д-р Кларк.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter