Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ЗдравјеЛекарите советуваат болните од грип да не земаат лекови на своја ракаТемпература до 40 степени која може да трае од два до три дена, болки во мускулите и коските, кашлица, главоболка – со овие сипмптоми скоро секој втор пациент доаѓа во ординацијата кај матичниот доктор Драган Ѓорѓиевски. Она што ги плаши најмногу пациентите е долгата кашлица и по прележувањето на грипот. „Она што најмногу ги загрижува пациентите е долгата и упорна кашлица и до еден месец. Исто така оваа година грипот не делуваѓе лошо само кај возрасните и хронично болните, туку и кај децата каде што често имаа пневомнија“, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, матичен доктор. Доктор Ѓорѓиевски со апел граѓаните сами да не пијат на своја рака лекови како што се антибиотиците и исто така со првите симптоми на грип да не одат на работа, училиште бидејќи грипот се шири многу брзо. „За грип се пие антивирусна терапија, не се пијат антибиотици. Антибиотици се пијат доколку биде потврдена бактерија. Од четири до седум дена треба да се остане дома со грип да се пијат и до четири литри течности“, со совет д-р Ѓорѓиевски. Најдобра заштита е вакцинацијата против грип. Тој вели дека иако е млад секоја година се вакцинира против грип и поминува лесна зима. Грипот и во регионот брои високи бројки на болни. Во Хрватска од грип починале 30 луѓе. Во Македонија според последниот извештај за една недела само три илјади луѓе официјално биле потврдени со грип. Досега Во Македонија починаа тројца поради компликации од грип. Засега од Комисијата за заразни болести нема да предложат дополнителни мерки за заштита. Од таму велат дека не треба да има посети и да се почитуваат протоколите во болниците. Од таму велат дека веќе од наредна недела очекуваат пикот на грипот да се намали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Власта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаСДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на МицкоскиДодека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна порака, денес одеднаш излегуваат со „јасна платформа за иднината на Мицкоски”.Ова не е случајност. Ова е проектот ЗНАМ 2.0. Мицкоски прво се обиде да ја провлече оваа платформа преку СДСМ, за да создаде поделба внатре во партијата. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа. Сега се претставуваат како опозиција. По изборите ќе посакаат да станат дел од „тендер коалицијата“. Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити. Затоа и се одржуваат разговори под “Chatham House” правила - сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас. Еднаш народот беше измамен со првиот ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Втор пат нема да се случи. ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски. Мицкоски ги лажеше своите гласачи за името, за Преспа, за повисоки плати, за ЕУ, за подобра економија, за поголеми инвестиции. Она што го испорача е катастрофа во сè што се фати - ја уништи економијата и ја изолира земјата. Доста е повеќе со сателитите на Мицкоски и организираната криминална група. Доста е повеќе со продажбата на Македонија и интересите на граѓаните заради лични болни амбиции и лична материјална и финансиска корист. Еден е Фронтот за вистина и правда! Набрзо ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Власта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во СкопјеВо моментов заседава и кризниот штаб на Град Скопје.Поплавени улици и подвозници низ Скопје по обилниот дожд кој попладнево го зафати главниот град. Дел од скопските сообраќајници беа полни со вода. Јана Јосифоска ни ја пренесува моменталната состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликтиВо рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Денеска (01.07.2026) на подрачје на општините Велес, Градско и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, ПК Градско и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Вакви превентивни активности спроведоа и Одделението за превенција на СВР Скопје во Скопје, како и СВР Штип во Штип. Полициски службеници од ОВР Неготино, во Демир Капија реализираа превентивна активност на тема „Внимавај на својот дом“, со укажување за граѓаните за поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Полициски службеници од ПО БПС при ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“ во рамки на која на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес, Одделението за превенција на СВР Скопје и ПС БПС Кочани и Берово, во Велес, Скопје, Кочани и Берово реализираа превентивни активности на тема „Носи кацига“ насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Вчера пак, на подрачје на општините Градско и Росоман, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа активност со цел да им се укаже на возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Власта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54