3Лефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста?
ЗдравјеЛекарите реагираат на последните промени на системот „Мој термин“Се надеваме дека „Мој термин“ ќе ја промени одлуката која ја отежнува работата пред се на дежурните доктори кои не можат да ги видат извештаите на нивните колеги се додека не го добие извештајот со статус целосно затворен извештај,.Се надеваме дека „Мој термин“ ќе ја промени одлуката која ја отежнува работата пред се на дежурните доктори кои не можат да ги видат извештаите на нивните колеги се додека не го добие извештајот со статус целосно затворен извештај, вели директорката на клиниката за радиологија Соња Николова. Канал 5 објави реакции од доктори од повеќе клиники кои велат дека промените во Мај се направени без консултации со нив. И министерот за здравство Таравари рече дека ќе се работи на подобрување на системот Мој термин. Николова посочи дека метежот се намалил со чекање откако персоналот почнал да работи во две смени. Но вели дека кадар нема. Тараври на првата прес конференција со новинарите посочи дека во разговор со деканот од медицински факултет ќе предложи да има повеќе специјализации за радиолози. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграцијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото. На средбата се разговараше за тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда, со посебен акцент на размената на знаења и искуства во усогласувањето на законодавството со европското право, како и на натамошното јакнење на институционалната соработка. Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. На средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства, со цел унапредување на реформите и забрзување на процесот на европска интеграција.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаСофија Вергара можеше да има многу поинаква кариера. Знаете ли што студирала?Софија Вергара, 54-годишната актерка најпозната по улогата на Глорија Делгадо-Причет во „Модерно семејство“ и како судија во „Америка има талент“, планирала да тргне по сосема поинаков пат пред да стане актерка.Колумбиско-американската ѕвезда студирала стоматологија во нејзината родна Колумбија, но никогаш не дипломирала. Студирала стоматологија Вергара зборуваше за тој период од својот живот во ток-шоуто на Хари Коник Џуниор. Таа откри дека студирала стоматологија две години, но на крајот се откажала. „Одев на стоматолошки факултет, но не го завршив. Студирав две години“, изјавила таа во тоа време. Студирала стоматологија, но никогаш не работела со пациенти. Се откажала од колеџ само два семестри пред дипломирањето за да ги искористи можностите во манекенството и глумата. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Родниот град добива огромна статуа Вергара подоцна имала успешна кариера во Холивуд, а нејзиниот роден град Баранкила ја почестил со монументална скулптура. Бронзената статуа беше откриена на 10 јули 2025 година, на нејзиниот 53-ти роденден, на шеталиштето Гран Малекон. Градоначалникот на Баранкила, Алехандро Чар, нагласи колку градот е горд на актерката. „Баранквила ви се поклонува и му вели на целиот свет: ви благодарам што сте тоа што сте, ви благодарам што сте од Баранкила“, рече тој. „Каков подобар начин да се прослави роденденот на Софија од откривањето на ова прекрасно дело што ја претставува нејзината радост, харизма, автентичност и личност“, додаде тој. Статуата е создадена од скулпторот Јино Маркез, кој работеше на неа седум месеци со помош на шест студенти и поранешни студенти на локалното уметничко училиште. Скулптурата е висока 7,5 метри и тежи 5,5 тони. Статуата предизвика контроверзии Вергара, која наводно била на одмор со своето семејство во времето на откривањето, не присуствуваше на настанот. Статуата брзо привлече внимание на интернет, а многумина коментираа дека скулптурата не личи баш на актерката. Некои дури ја споредија со познатата статуа на Кристијано Роналдо која некогаш предизвика потсмев на социјалните мрежи. Корисниците на Редит исто така не беа импресионирани. „Кој го одобри ова?!“ напиша еден корисник. „Ако правиме статуи, можеме ли да најдеме некој што може да прави лица?“ додаде друг. Еден коментатор се пошегува и за пропорциите на скулптурата: „Изгледа како да ја направил некој со голем фетиш за стапала“.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста? Неколку дена сведочиме на паниката што СДС и Венко Филипче ја шират дури и за оваа идеја за изградба на дата центи или центри за податоци.Прво, Филипче и неговото актуелно раководство во СДС треба да направат разлика помеѓу приватни дата центри и државен национален дата центар. Второ, Филипче е последен кој може да се грижи за интересите на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Државата има обврска од Реформската агенда или патот до ЕУ за изградба на национален дата центар. И како што информиравме Македонија има дата центар во Прилеп кој е секундарен, она што и треба е примарен каде што на едно место ќе се чуваат сите податоци од државните институции. Значи цел на овој дата центар е безбедност на личните податоци на граѓаните како и безбедност на податоците од државните институции. Дали Филипче и СДС кои шират паника се против безбедност на лични и државни податоци? Дали СДС знае дека тоа е клучно за безбедност и стабилност на државата? Дали СДС знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како здравствени, социјални и слично? Сајбер безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава. И вообичаено додека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин и за државата, СДС бара начини за остварување на интереси на поединци. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook