Лекарите и стоматолозите во Словенија штрајкуваат петта недела по ред

Штрајкот на лекарите и стоматолозите почна на 15 јануари.

Штрајкот на Синдикатот на лекарите и стоматолозите во Словенија, „Фидес“ продолжува веќе петта недела, објави словенечката редакција на регионалната телевизија Ен 1.

Штрајкот на лекарите и стоматолозите почна на 15 јануари.

Главна причина за штрајкот е неисполнувањето на обврските на Владата од веќе потпишаниот договор. Штрајкувачите бараат повисоки плати, а системот за плаќање да биде одделен и независен од системот на плати во јавниот сектор.

Ова е најдолгиот штрајк на лекарите и стоматолозите во историјата на Словенија, кој трае 28 дена.

Бостон ќе го продолжи договорот со Хаузер

Раководството на Бостон селтикс  ќе го продолжи договорот со  Сем Хаусер, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Новиот договор со 26-годишниот Американец ќе важи до крајот на сезоната 2028/29. Кошаркарот ќе заработи 45 милиони долари.

Хаузер игра за Бостон селтикс од 2021 година. Во сезоната 2023-2024, тој настапи на 79 натпревари во регуларниот дел од сезоната на НБА и имаше просек од 9,0 поени и 3,5 скока по натпревар.

Бостон е актуелен шампион во најсилната кошаркарска лига на светот.

Герапетритис: Доколку Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за притисок

Доколку Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок на билатерално и меѓународно ниво.

Доколку Македонија продолжи со оваа политика, која е директно спротивна на меѓународните договори, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија повтори дека Договорот од Преспа е ратификуван од двата парламенти, со што носи законски обврски „кои не може да се променат од ниедна од двете земји“.

- Секако самиот Договор од Преспа јасно кажува дека прашањето за името, односно името на Северна Македонија не може да се смени ниту со договор од страните. Станува збор за одредба која останува засекогаш. Во овој момент има јасно прекршување од страна на политичкиот и државниот врв. Не е законски поткрепено тврдењето дека кој било политички или државен лидер може вон формалната рамка да употребува друго име за неговата земја, бидејќи тоа во реалноста би претставувало директно прекршување. Не може претседателот или премиерот на една земја, кога е во јавен настап да се повикува на приватна автономија. Ова не е во согласност ниту со домашното уставно право, ниту со меѓународното право, посочи Герапетритис.

Го повтори и ставот дека за нив Договорот „има значајни политички и правни проблеми“, но ги обврзува сите.

- Направив многу голем напор за целосно и комплетно да ги информирам сите наши партнери и сите меѓународни организации и можам да ви кажам дека во овој момент постои сериозна загриженост од страна на сите за ставот на Македонија. Сите разбираме дека доколку продолжи оваа политика, која директно е спротивна на меѓународните договори, што претставуваат основа на меѓународната безбедносна архитектура, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече Герапетритис за ЕРТ.

Храната на Олимпијадата како културно-еколошки предизвик

За време на Олимписките и Параолимписките игри Франција ќе пречека гости од целиот свет, а според проценките, на учесниците ќе им бидат послужени над 13 милиони оброци.

Од појадок до вечера, од сендвичи до „шведска маса“, Париз 2024 ќе се потруди да ги задоволи потребите на спортистите, доброволците, гледачите и медиумите, се наведува на страницата на Олимпијадата. Во земјата на гастрономијата и со оглед на главните климатски и еколошки предизвици во денешниот свет, тоа е оперативно-културно-еколошки предизвик кojшто сите вклучени ќе треба да го прифатат.

Организаторите имаат намера да го искористат настанот како можност да се истакнат креативноста, квалитетот, квантитетот и одржливоста околу храната на вака голем меѓународен настан.

Франција во подготовките на менито вклучи 120 организации и 200 спортисти.

Спортистите првенствено ќе се хранат во Олимпиското село, коешто ќе биде најголемиот ресторан во светот, нудејќи различни кујни за нутритивните потреби и културните навики на 15.000 спортисти од 208 држави и територии. Ќе можат да се пробаат различни јадења од производи и намирници со потекло од француското подрачје. Заеднички именител на сите нив е здравата, гурманска и креативна храна, со повеќе опции по пристапни цени.

притисни ентер