3ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ
ЗдравјеЛекарите апелираат на вакцинација за голема кашлица, на интернет се нудат природни лековиМагарешката кашлица се лечи со млеко од магарица наместо со вакцина – лажите информации и недовербата во здравстсвениот систем, дел од родителите спасот го бараат во недокажени лекови од непроверени извори.На социјалните мрежи може да се сретна повеќе страници кои нудат млеко од магарица и го преставуваат како заштитен лек, а цената се движи и над 3000 денари за 900 мл. Лекарите велат дека ова има своја историја од времето кога медицината се уште не била развиена, и потсетуваат дека денес вакцинацијата е единствен начин за заштита од пертусис. .-Во старо време кога не била медицината медицината развиена и кога немало избор на лекови и антибиотици народот морал да се снаоѓа на природен начин. Сега медицината отиде напред ние имаме избор на лекови и симптоматска терапија. Бордателата е бактериска инфекција си имаме протокол на лекување си имаме антибиотици, го следиме пациентот,- -д-р. Мира Атанасова- специјалист педијатар. Најголем број од заболените со голема кашлица се регистрирани во приватните лабаратории, покажува последнот извештај на Институтот за јавно здравје. Заклучно со 15 февруари од вкупно 39 заболени, 22 случаи се регистирани во приватни лабаратории, а 17 во Институтот за јавно здравје. Лекарите објаснуваат дека пациентите најчесто бараат повторно да бидат тестирани во приватните лабаратории за да бидат посигурни во резултатот. - Кај мене побаруваат да го дадам и оној приватен упат да сме ние велат 100% сигурни. Иако добиле негативен резултат, не можам да тврдам дали имаат недоверба во јавните установи, тие повторно бараат од нас како матични ние да ги преупатиме иако е многу скапа приватно анализата да ја изработите за бордатела, прифаќаат да го повторат тестот,- -д-р. Мира Атанасова- специјалист педијатар. Цените за тестирање во приватните лабаратории се движат од 850 до 12 500 денари во зависност од пакетот. Пакетите најчесто покрај бактеријата бордетела пертурис детектираат и повеќе други бактерии. Во однос на државното тестирање д-р.Атанасова објаснува дека матичните лекари издаваат упат на пациентите во важност од 7 дена, а потоа тие одат во Институтот за тестирање, без претходно закажување. Од Институтот за Канал 5 велат дека немаат конктетни податоци околу термините и бројката на тестови со кои располагаат, но уверуваат дека имаат доволен број. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТоплотниот бран однесе повеќе од 5.000 животи во ГерманијаСе проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), истакнувајќи дека најголемиот број смртни случаи е регистриран за време на топлотниот бран кон крајот на јуни. Според неделниот извештај на РКИ, горештините се поврзани со приближно 5.120 смртни случаи, при што околу 4.270 од нив се однесуваат на лица постари од 75 години, пренесува Ројтерс. Од РКИ наведоа дека меѓу жртвите имало повеќе жени отколку мажи, првенствено затоа што жените сочинуваат поголем дел од најстарата возрасна група на населението. Европската служба за климатски промени „Коперникус“ објави дека Западна Европа го доживеала најтоплиот јуни досега, со просечна температура од 20,74 степени Целзиусови, пренесува Танјуг. Надлежните органи во Франција, Белгија, Шпанија и Холандија пријавија повеќе од 4.700 смртни случаи над вообичаениот просек во периодот од 20 до 28 јуни, кој ја опфати најинтензивната фаза на топлотниот бран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПланиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена женаРуската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз висок функционер на руското Министерство за одбрана во Москва.Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби. Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“. Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил продолжување на врската во Украина по завршувањето на задачите. Според соопштението, во март 2026 година, жената изнајмила стан во Москва, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина за следење на движењата на воениот персонал. Според ФСБ, таа ги подготвила условите за престој на непосредниот извршител на нападот во истиот стан. ФСБ тврди дека било планирано извршителот да пристигне во Москва откако осомничената ќе ја напушти Русија и ќе замине за Украина преку Турција и Молдавија.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС СДС манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци. СДС очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се прогнози, а не конечни резултати. Истата институција очекува Македонија да продолжи со стабилен економски раст, при што земјата останува меѓу економиите со позитивни перспективи и макроекономска стабилност. СДС зборува за економија, а заборава дека токму во време на владеењето на СДС и ДУИ Македонија се соочи со рекордна инфлација, историски највисоки цени на храната и енергенсите, изгубена доверба кај инвеститорите и сериозно нарушени јавни финансии. Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на капитални инвестиции, нови инфраструктурни проекти, подобрување на деловната клима и привлекување нови домашни и странски инвестиции. Ефектите од овие политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се мерливи и видливи. Буџетот останува стабилен, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства таму каде што се најпотребни и одговорно управува со јавните финансии. Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклус. Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на реални проекти и ги реализира, започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а на целата територија на државата се развиваат 6 автопатски делници. Заврши времето на СДС и ДУИ кога буџетската каса беше празна, државата оставена на раб на банкрот а јавните финансии се трошеа на луксузирање на функционерите на СДС и ДУИ. СДС да не се обидува залудно да ги плаши пензионерите со неосновани тврдења. Исплатата на пензиите е редовна и сигурна, а Владата останува посветена на зајакнување на пензискиот систем и подобрување на животниот стандард на пензионерите. Граѓаните добро знаат дека СДС и ДУИ ја оставија државата со високи долгови, корупциски скандали и изгубени години во економскиот развој. Наместо да шири страв и дезинформации, СДС треба да понуди аргументи и да преземе одговорност за сопствените погрешни политики. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на економски раст, нови инвестиции, отворање работни места и подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43