Лек за потешко болните со цистична фиброза треба да има до петок - Канал 5

Лек за потешко болните со цистична фиброза треба да има до петок

Од Асоцијацијата за цистична фиброза велат дека не се знае за колку пациенти точно ќе има лек со интервентниот увоз.

Лек за потешко болните со цистична фиброза треба да има до петок

Додека траат долгите собраниски дебати за реконструирање на Владата и во моментов нема Министер за здравство, пациентите со цистична фиброза чекаат почеток на законските измени што треба да следат по именувањето на новите функционери. Промената на три закони ќе овозможи државата дирекно да преговора со производителот на „Трикафта“, за лек да има за сите, а а не само за оние со кислородна подршка. За десеттина пациенти пак, што се во тешка состојба лек ќе има до крајот на наредната недела, барем според уверувањата што од Асоцијацијата за цистична фиброза ги добиле од надлежните. Процедурите за интервентен увоз од страна на државата се завршени, па лекот за соборците што се во потешка состојба треба да стигне до петок, вели за Канал 5 Фики Гаспар од Асоцијацијата за цистична фиброза.

Од Асоцијацијата за цистична фиброза велат дека не се знае за колку пациенти точно ќе има лек со интервентниот увоз, но најзначајно им е да се реализира планот за набавка на ветената тригодишна програма, за во наредните години да не молат за лекови.

Иако повеќе од две ипол години пациентите добиваа ветувања од повеќе министри дека ќе го донесат лекот „Трикафта“, пари за набавка се најдоа преку ноќ, дури откако почина пациент со цистична фиброза. На ден по смртта на четириесет и петгодишниот Благочје Илиевски, по последниот поздрав испратен од пред Владата за време на неговиот погреб, претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза беа повики на средба кај премиерот Ковачевски. Дури тогаш Фондот со ребаланс одвои пари за потешко болните од ова ретко заболување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија (недела, 21:00 часот), потврди портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

Веста претходно ја соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а сега е официјално потврдено дека Трамп ќе биде меѓу гостите на завршницата на турнирот.

Неговото доаѓање се случува во момент кога сè уште се дискутира за една од најголемите контроверзии на ова Светско првенство – одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Наводно, токму Трамп стапил во контакт со Инфантино и побарал да се преиспита црвениот картон на напаѓачот на САД, по што ФИФА ја суспендирала казната и му дозволила на Балогун да настапи на натпреварот од осминафиналето против Белгија.

Трамп претходно присуствуваше на најголемите спортски настани во САД, вклучувајќи ги „Супербоул“, финалето на НБА, тенискиот турнир „Ју-Ес Опен“ и „Рајдер купот“, а за време на својот мандат во Белата куќа бил и домаќин на настани на УФЦ.

Минатата година тој го додели трофејот за светски клупски шампион, во натпреварување што исто така се одржа во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Издадена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. 

АХВ: Издадена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем

По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен систем, добиени поплаки од граѓани до ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење, инспекциски служби на АХВ, со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника - МВР Гостивар, вчера вечер спроведоа вонреден инспекциски надзор.

Со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност.

За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде времена забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораторското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност, стои во соопштението на Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов“

Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата за вода, со посебен фокус на летниот период. 

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов“

Од вкупно 11 јавни чешмички кои се под надлежност на општината, девет се целосно функционални, додека на преостанатите две се санираат дефекти.

Во рамки на овие активности, се поставува нова чешмичка на улицата „Орце Николов“, која претходно не беше во функција поради дефект и беше исклучена поради поплавување на околниот простор.

„Нашата цел е водата за пиење да биде достапна за граѓаните во овој жежок период, зеленилото редовно да се полева и да се одржува, и да се обезбеди уредна хигиена. Старите чешмички делумно ги заменивме со нови, иноксни, а имавме и неколку состаноци со ЈП Водовод и канализација. Поставени се и водомери на истите како што беше побарано од од општината, со цел да обезбедиме нивно непречено функционирање“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во изминатиот период општината замени седум стари чешмички со нови иноксни, со модерен дизајн.

Истовремено, редовно се одржуваат и системите за автоматско наводнување, а дефекти кои се појавуваат на дневна основа редовно се санираат од страна на надлежните служби.

За одржување и санирање на оваа инфраструктура, од предвидениот буџет во висина од три милиони денари, досега се исплатени 998.752 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер