ЗдравјеЛек што го обновува лачењето инсулин до 48 часа кај лица со дијабетес 1Ново научно откритие нуди надеж за лекување дијабетес со регенерирани клетки коишто произведуваат инсулин, имитирајќи ги природните функции.Луѓето кои страдаат од дијабетес имаат проблем со неправилно функционирање на панкреасот. Затоа, за да се регулира неговата работа, односно нивото на инсулин во крвта, најчесто мора да консумираат вештачки замени во облик на таблети или инјекции. Но, неодамнешните испитувања покажаа напредок во обновувањето на клетките што создаваат инсулин во панкреасот. Предводени од научниците од австралискиот Институт за срце и дијабетес „Бејкер“, во истражувањето се користени лекови одобрени од американската Федерална администрација за лекови (ФДА) коишто се насочуваат кон ензимот ЕЗХ-2 за да ги стимулира прогениторните дуктални клетки на панкреасот. Поттикнувањето на ЕЗХ-2 е од суштинско значење за потенцијалот за регенерација на бета-клетките, според авторите. Научниот труд е објавен во списанието „Сигнал трансдакшн енд таргетед терапи“ (Signal Transduction and Targeted Therapy). Дукталните клетки одговорни за обложување на каналите на панкреасот, при испитувањата биле поттикнати да ја имитираат функцијата на дефицитарните бета-клетки кај луѓе со дијабетес тип 1. А пак, ГСК-126 и Таземетостат - два инхибитори на мали молекули коишто веќе се одобрени за третман на рак, биле клучни за ублажување на ограничувањето што го наметнува ензимот ЕЗХ-2, дозволувајќи им на дукталните клетки да развијат функции слични на оние на бета-клетките. Овој иновативен пристап се однесува на автоимуното уништување на бета-клетките кај дијабетес тип 1, каде што управувањето со инсулинот и гликозата се потпира на редовни инјекции. Важно - регенерираните клетки покажаа способност да чувствуваат гликоза, прилагодувајќи го лачењето инсулин. Тестовите, кои користеа примероци од ткиво од 56-годишници без дијабетес и луѓе од најразлична возраст со дијабетес тип 1, открија конзистентни резултати. Охрабрувачки, нормалното лачење инсулин продолжи во рок од 48 часа по стимулацијата. Се проценува дека околу 422 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, па ваков и слични лекови би можеле многу да им го олеснат животот. Иако клиничките испитувања допрва треба да се спроведат, гореспоменатото истражување претставува потенцијален начин за обновување на телесните функции погодени од дијабетесот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаПоголема заштита за корисниците и строг филтер за лизинг компаниите со новите законски измениИзмените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски.Предметот земен на лизинг повеќе нема да може да биде заложен без писмена согласност на корисникот заверена на нотар, а обврските ќе може да се исплаќаат и предвреме без дополнителни трошоци – ова се само дел од новините опфатени со измените на Законот за финансиски лизинг, со кои како што објаснуваат од Министерството за финансии се воведува поголема заштита за корисниците, но и засилен надзор врз лизинг компаниите. Измените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски. Воедно, се зајакнува и контролата врз компаниите, кои ќе мора да добијат дозвола за работа од Министерството за финансии и да имаат повисока основна главнина, од досегашните 6 на 30 милиони денари. -Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Претседателот на Асоцијацијата на лизинг друштвата во Македонија Марјан Манчев ги поздравува овие законските измени, но смета дека има простор за дополнително развивање на лизинг-секторот, особено во делот на недвижностите. Иако законската рамка и сега дозволува финансиски лизинг и за недвижности, во пракса овој модел кај нас најчесто се користи за движни предмети како автомобили и опрема. Манчев смета дека за поголема примена и кај недвижностите се потребни дополнителни промени, особено во даночната регулатива, за што најави дека ќе се разговара со Министерството за финансии. -Ќе се направат одредени измени да се отстрани т.н. двојно оданочување при финансирање на недвижности, како и да се укине ДДВ на каматата кај лизинг-трансакциите. Тоа се некои следни чекори што дополнително ќе го направат лизингот подостапен и поконкурентен, не само за финансирање подвижни средства, каде што лизингот де факто веќе е водечки инструмент, особено за возила, туку би го примовирал и во делот на финансирање недвижности.- Марјан Манчев – претседател на Асоцијација на лизинг друштва во Македонија Инаку, за непочитување на новите правила, лизинг-компаниите можат да бидат казнети со глоби од 500 па се до 50 илјади евра, а казни се предвидени и за одговорните лица во компаниите, нотарите, резиворските друштва, но и за корисниците кои нема да ги исполнат законските обврски. Постојните лизинг-комании ќе имаат рокови од три, шест и дванаесет месеци за да се усогласат со новите правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлиу со отчет за сработеното како министер за здравствоАлиу на заминување кажа дека успеал да реализира многу за кратки 13 месеци.Отворени 15 закони поврзани со здравство, вкучувајќи ги и донесените измени за секој што сака да може да стане потенцијален органодарител, медицински факултет да овозможи студии за парамедицинари и тие лекари да бидат постојано вработени во Итната медицинска помош, старт за дигитализација, а и здравството да има пристап до пари и искуство од ЕУ. Ова е само дел од тоа што, Азир Алиу, министерот во заминување вели дека го остава зад себе за 13 месеци работа, по најавената реконструкција на владата со која го отстапува секторот на Сашо Клековски. Еден од законите кој формално се уште ги нема минато сите „филтри“ за да стапи на сила е оној за заштита од пушење, и не е донесен поради 8 амандмани или забелешки. Во однос на проблемот со недостатокот на кадар за Итната медицинска помош, Алиу вели дека она што било до него, завршил во однос на процесот за да има студии за парамедици, а околу два месеци чекал сенатот на УКИМ да се произнесе. Со ова на долг рок би се решиле проблемите недостаток на кадар во оваа служба. Во однос на тоа што сакал, а не успеал да направи како Министер тој посочи дека жали што немал време како фукционер да издејствува „парите да го следат пациентот“, односно секој граѓанин да може да си ги искористи финансиите што ги плаќа секој месец за здравствено и во приватна болницва, односно каде што сака. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАларм во Битола: Дивоградба загрозува куќа заштитена како културно наследствоНов случај на уништување на куќа заштитена како културно наследство. На улицата Мирче Ацев во Битола соседите бараат да се заштити и зачува најубавата стара куќа која е оригинална, а не да се ставаат нови фасади и да се градат други објекти. Тие со петиција реагирале до општина Битола и до конзераватарскиот центар, но велат дека и покрај забраните новиот сосед продолжува да ги врши градежните активности. Битолската установа за заштита на културно наследство за Канал 5 потврдија дека се работи без одобрение и е известена и општина Битола. „Надлежната јавна установа за заштита на културното наследство, согласно законските надлежности и своите овластувања навремено ја извести наделжената инспекциска служба при Управата за заштита на културно наследство за изведување на градежни работи без одобрение“. Од општина Битола за Канал 5 потврдија дека станува збро за дивоградба и дека се реагирало на терен и со аситенција со помош на полиција. Но до емитување на прилогот од општината не потврдија кои мерки ќе се превземат и дали ќе има санкции. Во октомври минатата година при извршување на градежни работи се урна спомен куќата на Владо Малески, вековната куќа симобол на струшкиот традиционална архитектура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter