КошаркаЛејкерси во голем проблем- Леброн Џејмс е повреден, се очекува долга паузаКошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс заработи повреда на препоните на левата нога за време на натпреварот против Бостон Селтикс ноќта меѓу саботата и неделата.Како што јавува новинарот на ESPN Дејв Менемин на социјалната мрежа „Х“, рано е да се каже кога Џејмс би можел да се врати на теренот. Менемин наведува дека се очекува пауза од неколку недели. It is too early to project an accurate timetable for how long LeBron James could miss because of his left groin injury, sources told ESPN. However one source said the initial thought is that it will sideline James for a matter of weeks, not a matter of days. — Dave McMenamin (@mcten) March 9, 2025 Останува да се види колку всушност е сериозна повредата и колку долго ќе отсуствува Леброн Џејмс. Сигурно дека Лејкерси ќе бидат во голема неволја доколку долго време останат без својот најдобар играч. Џејмс оваа сезона во НБА лигата има просек од 25,1 поен, 8,1 скока и 8,5 асистенции по натпревар. Лос Анџелес Лејкерс моментално имаат скор од 40-22 и се на третото место на Западот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПадна Владата на УкраинаУкраинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ. Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата. Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент. „Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент. Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции. На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина. Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули. Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата. Фото: ВИТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју ЛосонГаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата. Амбасадорот Лосон изрази задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка. Претседателот Гаши го информираше амбасадорот за процесот на дигитализација на Собранието, за зајакнувањето на надзорната улога на Собранието, како и за подигнувањето на нивото на политичката култура во Собранието и подобрувањето на перцепцијата на законодавниот дом во јавноста. Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес. Беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook