Лејкерси предводени од Дончиќ ја прекинаа победничката низа на Далас - Канал 5

Лејкерси предводени од Дончиќ ја прекинаа победничката низа на Далас

Лос Анџелес Лејкерс синоќа триумфираше на гостински терен над Далас Маверикс со 116-110, предводени од Словенецот Лука Дончиќ, кој реализираше 33 поени, 11 асистенции и осум скокови против својот поранешен тим.

Лејкерси предводени од Дончиќ ја прекинаа победничката низа на Далас

Во првото полувреме, Лејкерси го контролираа натпреварот и имаа највисоки +14, но Далас го сврте резултатот со феноменална трета четвртина и дојдоа до предност од идентични +14.

Сепак, Лејкерси прво возвратија со серија од 14:3, пред да му го зададат последниот удар на Далас во завршните минути.

Дончиќ одигра одличен натпревар во дуелот против својот поранешен клуб и даде најголем придонес во нанесувањето на првиот пораз на Далас по четири последователни победи.

Далас сега има ефект од 19-27, додека Лејкерс имаат 27-17. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целата држава во зона со висок ризик од пожари

Од мала искра до голема катастрофа  – најголемиот дел од територијата на Македонија е во „портокалова боја“, односно сериозен ризик од појава на пожари со висок интензитет поради временските услови.

Целата држава во зона со висок ризик од пожари

Во жолта фаза се само околината на Охрид и Ресен и дел од Шар Планина. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и максимално одговорни, особено при посета на природа и да не се пали оган на отворен простор.

-Поради временските услови високите температури постои висок ризик од појава и ширење на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на државата. ЦУК постојано апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување особено при престој и движење во природа, да не се користи оган на отворено, да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат отпушоци и запаллив отпад во природата и секое забележано чадење веднаш да се пријави на 112 во ЦУК,- - Надица Вчкова – Центар за управување со кризи.

Од утринава активни се неколку пожари. Во Македонски брод, кој е значително намален според првиот човек на ДЗС – Ангелов, активен е пожарот и кај Студеничани, истиот е оддалечен од селата и не претставува опасност за жителите.

пожарникарите и доброволните друштва имаа драматична ноќ, а под најголем ризик биле оние кои се справуваат со пожарот кој го зафати појасот Велес – Зелениково. Пожртвувано, со ползење покрај самата огнена линија и пробивање во екстремно густа вегетација полна со трње, изложувајќи се на ризик значително го намалиле пожарот и заштитиле две села од пламените јазици.

Жестоки борби се воделе кај Јегуновце каде успешно е спасен манастир, а во прилепското село Чаниште, огнот навлезе во селото. Жртви и повредени нема, а од пламенот се изгорени неколку постари и напуштени куќи.

Жителите преспале дома, евакуација не била потребна. Заедно со професионалните пожарникари од Прилеп, таму се борело и доброволното друштво – Архангел Михаил, кои пред секоја борба со пламенот кажуваат молитва.

Со пламен се бори целиот регион – а во Србија беше регистрирана и првата жртва, по вдишување на чад и изгореници животот во срспко Смедерево го загуби 70 годишник, а повредено е и младо лице кое се обидувало да го спаси. Во областа Перистерија во Грција, во својот дом загина повозрасен брачен пар, а повеќе од 500 лица добија наредба за евакуација од регионот. Претходно една жртва имаше и во страотните пожари во Хрватска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Почина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. 

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска.

На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати.

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње.

Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Честитка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв.

По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем.

„Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина.

Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани.

Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот.

На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата.

Нека е вечна Македонија!

Честит Ден на Армијата!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер