Легендарниот Шумахер потпиша кацига со помош на сопругата- ќе оди во хуманитарни цели - Канал 5

Легендарниот Шумахер потпиша кацига со помош на сопругата- ќе оди во хуманитарни цели

Михаел  Шумахер, легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, потпиша специјална кацига за поддршка на хуманитарната организација „Трка против деменција“ на неговиот тимски колега Џеки Стјуарт.

Легендарниот Шумахер потпиша кацига со помош на сопругата- ќе оди во хуманитарни цели

Станува збор за кацига потпишана од сите 20 живи светски шампиони во Формула 1, а Стјуарт ќе ја носи за време на почесниот круг на Големата награда на Бахреин, на која се одбележува 60-годишнината од неговото деби во Формула 1, објави Дејли Меил.

Шумахер, кој се повлече од очите на јавноста по тешката повреда на мозокот во несреќа на скијање во декември 2013 година, ги додаде своите иницијали „MS“ на кацигата со помош на неговата сопруга Корин. Со ова се комплетира собирањето потписи на сите живи светски шампиони. Белата кацига со препознатливиот шкотски тартан на Стјуарт е симбол на поддршка во борбата против деменција.

Возење со благородна причина

Стјуарт ја основал трката против деменција во 2016 година, откако на неговата сопруга Хелен ѝ била дијагностицирана оваа болест. Целта на организацијата е да ги забрза глобалните научни истражувања насочени кон превенција и третман на деменција, инспирирани од брзината и ефикасноста карактеристични за светот на Формула 1.

„Прекрасно е што Михаел успеа да се потпише на кацигата за оваа благородна цел бидејќи тоа е болест за која сè уште нема лек. Неговата сопруга му помогна и со ова собирањето потписи на сите живи светски шампиони сега е завршено“, изјави Стјуарт.

Тој не е виден во јавноста цели 11 години

Да потсетиме, поминаа повеќе од 11 години откако Шумахер (56) доживеа тешка несреќа на скијање во Франција. Формула 1 великанот беше тешко повреден, преживеа, но неговата состојба не е позната на јавноста. Сопругата на Мајкл, Корина со години дава цврсти изјави и строго контролира кој смее да се види со него.

По несреќата тој бил во кома шест месеци. Лекарите се бореа за неговиот живот во болницата во Гренобл, а тој долго време беше во индуцирана кома пред да се врати во семејната куќа во Швајцарија. Оттогаш тој не е виден во јавноста, многу малку се знае за неговото здравје, а семејството ја штити неговата приватност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка

Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка.

Димитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка

Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција.

Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката.

„Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ.

Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред.

“Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ.

YouTube video

Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци.

„Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ.

Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски.

„Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ.


СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфера

Папата Лав го прими американскиот кантаутор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, во Апостолската палата во Ватикан.

Боб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфера

Папата Лав го прими американскиот кантаавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан – чии стихови претходно ги цитираше говорејќи за опасностите од нуклеарното оружје – во Апостолската палата во Ватикан.

Според „Ватикан њуз“ (Vatican News), средбата била кратка и се одвивала во опуштена атмосфера.

По поздравите и разговорот, Папата му подари бројаница на Дилан, додека американскиот музичар возврати со примерок од својата автобиографија, „Хроники: Том први“ (Chronicles: Volume One).

Дилан пристигна во Ватикан облечен во црн дуксер со капуљача.

Дилан моментално се наоѓа во Рим, каде што утре ќе одржи концерт во „Палацо дело Спорт“ (Palazzo dello Sport), како дел од есенскиот дел на неговата турнеја „Rough and Rowdy Ways“. Предвидени се настапи и во Милано и Болоња, при што на присутните строго им е забрането да снимаат со мобилни телефони.

Во јули, папата Франциск цитираше стихови од Дилан во предговорот на книгата „Разоружани и разоружувачки: Мирот е дар“ (Disarmed and Disarming: Peace Is a Gift). Изданието е објавено од Издавачката куќа на Ватикан (LEV), а уредник е новинарот Алесандро Банфи.

Во предговорот, Папата издвои стихови од песната на Дилан „Go Away You Bomb“ („Оди си, бомбо“), во која бомбата е опишана како производ на човечки раце. Тој ги искористи овие стихови за да предупреди на глобалната трка во вооружување и заканата што ја претставуваат нуклеарното оружје.

Дилан ја напишал песната во 1963 година, во период на големи тензии за време на Студената војна. Таа никогаш не била официјално снимена или објавена на некој албум, а оригиналниот ракопис стана познат за јавноста дури во 2013 година.

Ова не е прва средба на познатиот музичар со поглаварот на Католичката црква. Во 1997 година, Дилан настапи на 23-тиот Национален евхаристиски конгрес во Болоња, пред папата Јован Павле II и околу 300.000 млади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот сопруг на Хали Бери доби старателство над синот, но Масео останува со мама

Поранешниот сопруг на  холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери доби старателство над синот, но детето сепак останува со својата мајка. 

Поранешниот сопруг на Хали Бери доби старателство над синот, но Масео останува со мама

Актерот Оливие Мартинез, поранешниот сопруг на мегапопуларната „Жена мачка“ изненади со порака која покажа дека, и покрај правниот спор, тој не сака неговиот син да биде разделен од мајка си.

Холивудската актерка Хали Бери претрпе нов удар во долготрајната битка за старателството над нејзиниот син Масео.

На нејзиниот поранешен сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез, му беше доделено примарното физичко старателство над нивниот 13-годишен син, при што термините за гледање на актерката се значително ограничени.

Сепак, таткото на детето сега ги промени правилата на игра, пишува „Експрес“ (Express).

Судија во Лос Анџелес го одби барањето на актерката да се врати претходниот договор за рамноправно физичко старателство.

Според новата одлука, Хали може да го гледа својот син во понеделник и вторник, како и секој втор викенд, во периодот од 10:00 до 20:00 часот. Масео повеќе не смее да преноќува кај мајка си. Сепак, поранешните сопружници го задржаа заедничкото правно старателство и продолжуваат заеднички да носат важни одлуки за неговиот живот.

По излегувањето од судницата, адвокатот на Мартинез ја нарече одлуката „голема, навистина голема победа“. Сепак, актерот изненади со порака која покажа дека, и покрај правниот спор, тој не сака неговиот син да биде разделен од мајка си. „Искрено се надевам дека Масео и неговата мајка ќе имаат подобар однос во иднина.

Не сакам мојот син да ја мрази мајка си. Сакам тој да ја сака и да ѝ прости“, изјави Мартинез.

Конфликтот дополнително ескалираше откако Мартинез побара налог за заштита, тврдејќи дека Бери физички го нападнала синот за време на расправија на 26 септември, при што, меѓу другото, го фатила за врат. Тој наведе дека момчето побарало помош од него и дека било вознемирено по инцидентот. Актерката категорично ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека никогаш не го злоставувала својот син.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер