Легендарниот модел на вонземјанинот од филмот Е.Т ќе биде понуден на аукција - Канал 5

Легендарниот модел на вонземјанинот од филмот Е.Т ќе биде понуден на аукција

Оригиналниот модел на вонземјанинот Е.Т. користен во филмот од 1982 година „E.T. the Alien“ ќе биде понуден на аукција. 

Легендарниот модел на вонземјанинот од филмот Е.Т ќе биде понуден на аукција

Аукциската куќа Сотби потврди дека оригиналниот модел од 1982 година, направен од италијанскиот специјалист за ефекти Карло Рамбалди, ќе биде понуден на аукција подоцна овој месец, заедно со колекција од неговите дела и лични предмети од други иконски филмови.

Оргиналниот E.T., кој се користеше во класиката на Стивен Спилберг, беше дизајниран и развиен една година пред снимањето и е висок нешто повеќе од три метри.

YouTube video

Најпознат е по сцената во плакарот, каде вонземјанинот се обидува да се скрие меѓу неколку плишани животни.

Се очекува моделот да достигне цена помеѓу 600.000 и неверојатни 900.000 долари.

Аукцијата ќе биде отворена за јавноста на 29 март, а затворена на 3 април.

Дневен хороскоп за 15. мај 2025 година

Дневен хороскоп за четврток , 15. мај 2025 година. 

Дневен хороскоп за 15. мај 2025 година

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања.

Кариера

Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка.

Здравје и совет

Држете се подалеку од каква било негативност.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават.

Кариера

Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите.

Здравје и совет

Продолжете да истражувате за здравиот живот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Разграничете ги приоритетите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина.

Кариера

Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив.

Здравје и совет

Имате поголема сигурност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска.

Кариера

Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето.

Здравје и совет

Бидете активни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Шоуто во кое се впуштивте , се развуива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов.

Кариера

Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши.

Здравје и совет

Довршете си ги заостанатите обврски.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине.

Кариера

Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете.

Здравје и совет

Користете ги паузите за одмор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови.

Здравје и совет

Не се предавајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства.

Кариера

Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе мечтаете со отворени очи.

Орхан Муртезани во „Само интервју“

Дами и господа,  вечерва во Само Интервју гостува министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

Орхан Муртезани во „Само интервју“

Од Брисел по којзнае кој пат му порачаа уставни измени па преговори, какво решение бараме дома, кога од надвор наративот остана непроменет? Може ли посетата на Кошта да биде некаков пресврт?

Францускиот предлог ни ги врза рацете, ќе „голтнеме“ ли уште една кнедла или ќе се помириме со застојот?

Времето видовме дека не работи за нас, можеме ли самите да станеме Швајацарија на Балканот, или ќе останеме слепо црево?

Ќе го преживее ли Вреди заминувањето на Таравари и зошто коалицијата не издржа ниту една година? Можат ли да го победат ДУИ на локалните избори или Ахмети по кој знае кој пат ќе успее да се врати во игра?

Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Орхан Муртезани, веднаш по вестите.

Само вака ќе знаете дали доматот е полн со отрови

Не мора да чекате да го пресечете плодот, сè се гледа однадвор, а клучот е во деталите.

Само вака ќе знаете дали доматот е полн со отрови

Веројатно барем еднаш во животот сте застанеле пред тезга на пазар и сте се запрашале дали доматот пред вас е прскан или не. Меѓутоа, наместо одлуката да ја темелите исклучиво на довербата на продавачите, кои најчесто тврдат дека нивниот зеленчук е домашен и не е третиран со пестициди, ви носиме корисни совети како да го препознаете непрсканиот домат.

Еден од начините да утврдите дали доматот е прскан е да го пресечете и да ја погледнете неговата внатрешност. Доматот третиран со хемикалии има жолтеникави пруги и жолт дел во средината на плодот, којзнае колку такви домати сте изеле во животот.

Меѓутоа, присуството на пестициди може да се утврди и однадвор, постојат неколку знаци што укажуваат на постоењето на отрови. Имено, ако доматите се со иста големина, совршено мазни и речиси идентични, тоа не е добар знак. Исто така, избегнувајте претходно пакувано овошје и зеленчук бидејќи најчесто потекнува од интензивно производство во кое се користат голема количина пестициди и други хемикалии.

Од друга страна, ако доматот изгледа помалку совршено, има бразди, неправилности, кафени точки и необичен облик, голема е веројатноста дека станува збор за непрскан и природно одгледан плод.

Доколку сакате сами да го одгледувате овој вкусен плод, еве неколку совети како да го направите тоа дури и ако немате премногу простор. Всушност постојат луѓе кои успеале да одгледуваат повеќе видови домати, најчесто шери, за сопствени потреби.

Изберете го видот што ви одговара: Прашајте стручно лице која сорта е најсоодветна за вашите услови. На пример, сакате да одгледувате домати на отворено со многу сонце или на тераса. Не секоја сорта е еднакво успешна во сите средини, дури и ако е широко достапна во расадниците.

Подготовка на почвата: Почвата мора да биде „свежа“ и прозрачна. Ако е премногу густа, корењата нема да можат да растат, а билката нема да се развива правилно. Пред садењето добро прекопајте ја земјата по можност додајте компост за подобро хранење.

Испробајте го трикот со сода бикарбона: Содата може да помогне да се подобри вкусот на плодот. Кога растението ќе достигне 2,5 см, околу него посипете 4 лажички сода бикарбона. Постапката повторете ја и некое време пред бербата. Содата ја неутрализира киселоста на почвата, што резултира со посладок и повкусен домат.

притисни ентер