Легендарниот Михаел Шумахер отпатувал во Швајцарија за првпат да ја види внуката - Канал 5

Легендарниот Михаел Шумахер отпатувал во Швајцарија за првпат да ја види внуката

 Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер според медиумите ја напуштил Шпанија и заминал во Швајцарија.

Легендарниот Михаел Шумахер отпатувал во Швајцарија за првпат да ја види внуката

Популарниот Шуми кој живее далеку од очите на јавноста откако пред 12 години на скијање на Француските Алпи доби тешка повреда на главата, според медиумите деновиве ја напуштил својата вила на Мајорка и одлета во Швајцарија за прва пат да ја види својата внука.

Оваа сензационална вест ја пренесе британскиот весник „The Dream“.

Ќерката на Михаел, Џина Марија, се омажи минатата година, а на крајот на март го роди девојчето Мили.

Според пишувањата на медиумите, Шумахер ја напуштил својата вила во која се лекува и отпатувал со хеликоптер за првпат да ја види својата внука.

Михаел Шумахер не е виден во јавноста од 29 декември 2013 година, кога се здоби со сериозна повреда на главата додека скијаше на француските Алпи. Оттогаш неговиот живот е тајна и никој надвор од неговото семејство и тесен круг на луѓе не ја знае неговата здравствена состојба.

Единствено се знае дека живее на својот имот на Мајорка, каде е под постојана медицинска нега, пренесува Курир.

Шумахер, според пишувањата на медиумите, отпатувал во својата семејна куќа на Женевското езеро, каде ги видел ќерката и внуката.

Дополнителни детали за неговиот престој во Швајцарија се уште не се познати, но доколку оваа вест е вистинита, таа е многу охрабрувачка во однос на здравјето на седумкратниот светски шампион во Формула 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хрватска пејачка воодушеви во бикини

Хрватската пејачка Жанамари Перчиќ привлече внимание со нова серија фотографии што ги сподели на својот профил на Инстаграм.

Фото: Хрватска пејачка воодушеви во бикини

Сега, атрактивната Жанамари позира на плажа, облечена во бикини со животински дезен.

На една од фотографиите, пејачката лежи во плитките води, додека во позадина се гледа морето.

Таа ја сподели објавата во соработка со фотографот Марк Мајлс, а за само неколку часа собра повеќе од 2.000 допаѓања и бројни коментари од своите следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тотенхем го договори трансферот на Савињо, на ред е Мармуш

Богатиот англиски премиерлигаш Тотенхем кој минатата сезона се спаси од испаѓање летово е многу активен на трансфер пазарот.

Тотенхем го договори трансферот на Савињо, на ред е Мармуш

Тимот од Лондон денеска во пакет-трансфер ги ангажира напаѓачот Омар Мармуш (27) и левото крило Савињо (22) од Манчестер Сити.

Мармуш по одличните игри во Ајнтрахт му се приклучи на Сити во јануари 2025 година за 75 милиони евра.

Оттогаш, Сити главно го користеше како замена од клупата.

Во текот на година и пол на Итихад, Египќанецот одигра 62 натпревари и постигна 16 гола.

Неговиот договор важи до 2029 година.

Тотенхем беше заинтересиран за Савињо уште од минатото лето. Во октомври, Бразилецот – кој пристигна пред две години од Троа за 25 милиони евра – дури и потпиша предвремено продолжување на договорот со Сити до 2031 година.

Како и Мармуш, и тој минатата сезона не успеа да излезе од улогата на играч за ротација. Вкупно, тој одигра само 1.502 минути за Сити, запишувајќи четири гола и три асистенции.

Фабрицио Романо објави дека трансферот на Савињо е завршена работа. Сити ќе заработи речиси четири пати повеќе од првичната инвестиција; Тотенхем плаќа фиксна сума од 85 милиони евра, која со бонуси може да достигне до 90 милиони евра.

Тој додава дека „Спурси“ постигнале договор со Мармуш и дека преговорите меѓу клубовите напредуваат. Досега, Тотенхем има инвестирано 267 милиони евра во овој преоден рок. Мартин Дубравка пристигна како нов резервен голман. Одбраната ја засилија Јан Пол ван Хеке, Маркос Сенеси и Ендрју Робертсон.

Во средниот ред го ангажираа Матеус Фернандес, како и Сандро Тонали од Њукасл Јунајтед за 108 милиони евра. Мармуш и Савињо би донеле нова димензија во нападот на Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. 

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп

Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски извршија увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината.

"Континуирана е поддршката за општината од страна на Владата и заеднички со градоначалникот и со неговиот тим работиме на реализација на проекти.

​Само преку разни програми од Министерството за транспорт вкупно се инвестираат 580 милиони денари или околу 9,5 милиони евра. Во првиот повик беа некаде околу 3 милиони евра, во вториот повик се некаде околу 4,5 милиони евра, на тоа имаме програма заедно со Светска банка од околу 350 илјади евра и не ги забораваме оние на коишто им е најмногу потребна поддршката — тоа се социјално загрозените. Околу милион и пол евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во изградба на зграда со социјални станови, која што до крајот на годината треба да е завршена и до пролет да бидат тие станови поделени и вселени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти" -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски.

Тој истакна дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика.

"Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола – Прилеп.

Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2027 година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, во две насоки 3+3 ленти со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година", изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер