Легендарниот Меџик Џонсон вплови на суперјахта во Сплит (ФОТО)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Ирвин „Меџик“ Џонсон пристигна на одмор во Сплит.

Легендарниот член на Лос Анџелес Лејкерс и петкратен шампион во НБА лигата пристигна во Хрватска со семејството и пријателите на мегајахта долга 86 метри.

Јахтата на Меџик е закотвена на западниот брег во Сплит пред барот Мадуро, каде редовно се паркираат вакви пловни објекти. Вработените веднаш го препознале и побарале од него да се фотографира, на што 60-годишниот Американец се согласил без никакви проблеми.

Меџик беше член на Лејкерсите од 1979 до 1991 година и ја освои титулата во 1980, 1982, 1985, 1987 и 1988 година. Трипати беше МВП на финалето, 12 пати играше во Ол-стар, а три пати беше МВП на лигата. Тој ќе остане во Сплит еден ден, по што ќе продолжи да крстари по Јадранот, пишуваат хрватските медиуми.

Едно лице настрада во силното невреме во САД (ВИДЕО)

Стотици илјади домаќинства низ Средниот Запад во Соединетите држави останаа денеска без електрична енергија, откако силно невреме го погоди регионот .

Невремето донесе ветрови од 100 километри на час, предизвикувајќи штета и една жртва.

Невремето зафати делови од источна Небраска и премина во Ајова и во делови од Висконсин и Илиноис.

Силните ветришта превртуваа возила и предизвикаа голема материјална штета, објави АП.

Словенија побара 1,1 милијарда евра од ЕУ за спас на работните места

Словенечката влада поднесе барање за финансиска поддршка од европските фондови преку инструментот SURE за програми за заштита на работните места вреден вкупно 1,1 милијарди евра.

Инструментот SURE е една од трите безбедносни мрежи во вредност од вкупно 540 милијарди евра. Инструментот SURE има за цел да ги зачува работните места во компаниите во земјите членки на ЕУ, преку меки заеми.

Во пријавата за финансирање од тој извор, Словенија објави дека така собраните средства ќе се користат за мерки за субвенционирање на чекањето за работа и работа со скратено работно време, за финансирање на основните приходи и за ослободување од плаќање придонеси на самовработените во микро-претпријатија и слични случаи.

Инструментот SURE треба да започне да функционира откако сите членки на ЕУ обезбедуваат гаранции за заеднички заем, а треба да биде достапен до крајот на 2022 година, а во случај кризната состојба да продолжи или да се задржи подолго, јавуваат словенечките медиуми.

Поранешниот италијански премиер ќе ги контролира здравствените системи во Европаа

Поранешниот премиер на Италија, Марио Монти е назначен да ја предводи пан-европската комисија за да утврди како реагирале здравствените системи во различни земји на пандемијата на коронавирус.

Европската регионална канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека комисијата исто така „ќе дава препораки за инвестиции и реформи за подобрување на еластичноста на здравствените и социјалните системи“.

Повеќе детали за комисијата ќе бидат познати на 26 август кога ќе се одржи инаугуративната конференција, објави денеска СЗО.

Членовите на комисијата вклучуваат поранешни шефови на држави и влади, научници и бизнисмени, како и претприемачи.

„Оваа пандемија ги истакна нееднаквостите и поделбите кои ги парализираат нашите општества и го спречуваат напредокот и одржливиот развој“, рече Монти, кој е претседател на Универзитет „Бокони“ во Милано и поранешен европски комесар.

Комисијата исто така треба да се осврне на иднината на здравствените и социјалните системи во Европскиот регион на СЗО. Конечниот извештај е закажан за септември 2021 година.

Ханс Клуге, раководител на Регионалната канцеларија на СЗО со седиште во Копенхаген, рече: „Наша задача е да го позиционираме здравјето на врвот на политичката агенда во рамките на целите за одржлив развој и да ја зајакнеме еластичноста на системите за здравствена и социјална заштита во 53-те членки на Европскиот регион на СЗО. "

Во 2015 година, Обединетите нации се согласија за целите на одржливиот развој, широк спектар на цели за решавање на глобалните проблеми.

Доброто здравје и благосостојбата е една од 17 категории. Другите вклучуваат сиромаштија, глад, родова еднаквост, климатски промени и економски раст.

притисни ентер