Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураЛегендарниот Larry McCray Band на „Blues & Soul Festival 2014" Во Универзалната сала во Скопје вечер со концерт на легендарниот Larry McCray Band од САД почнува „Blues & Soul Festival 2014“.„Blues & Soul Festival 2014“ е во организација на Дирекција за култура и уметност - Скопје Larry McCray во моментов е едно од најголемите имиња на светската блуз сцена и редовен учесник на најреномираните светски фестивали во САД и Европа. Неговиот динамичен сценски настап и виртуозност, комбинирано со извонредниот вокал е вистинската состојка, барана на секој фестивал во светот. Роден во семејство на музичари. Со својот талент тој едноставно бил предодреден за музичка кариера која го донесе до самиот врв. Според него, во создавањето сопствен музички израз, најголемо влијание имале тројцата кралеви B.B., Albert и Freddie, потоа Albert Collins, Elmore James и Magic Sam кои секој на свој начин оставија голема трага во блузот. Дискографскиот опус на Larry McCray содржи осум албуми, како и бројни снимки на кои тој се појавува како гостин на познати имиња, како на пример „Judgement Day: Songs Of Robert Johnson“ (Otis Clay, Joanna Connor, Carl Weathersby, Billy Branch…) или албумот посветен на музиката на Bob Dylan: „This Ain’t No Tribute“ (Alvin Youngblood Hart, Taj Mahal, Mavis Staples, Isaac Hayes, John Hammond…), потоа „All Blues’d Up-Songs Of Eric Clapton“ (Buddy Guy, Bo Diddley, Otis Rush)... Како еден од своите врвови во кариерата тој го смета признанието на Orville Gibson Guitars за најдобар блуз гитарист во 2000 година, кога беа номинирани гитаристи од калибарот на Jeff Beck, Eric Clapton... Деновиве се очекува да излезе неговиот најнов албум на кој како специјален гостин се појавува Derek Trucks (Allman Brothers), еден од најдобрите гитаристи на денешницата. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter