Легендарниот Гари Линекер на удар на јавноста, по објавените снимки со неговата снаа (ВИДЕО) - Канал 5

Легендарниот Гари Линекер на удар на јавноста, по објавените снимки со неговата снаа (ВИДЕО)

Легендарниот англиски фудбалер и до неодамна водител на „ Match of the Day“, Гари Линекер, мораше да се брани од лавина коментари откако на социјалните мрежи се појави видео од неговиот одмор во Мексико.

Легендарниот Гари Линекер на удар на јавноста, по објавените снимки со неговата снаа (ВИДЕО)

Видеото го сподели крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, алудирајќи на неверство, што предизвика остра реакција од поранешниот напаѓач, пишува Goal.com.

Видеото што предизвика бура

Во контроверзните снимки, снимени од турист, 65-годишниот Линекер шета по улицата во друштво на непозната жена. Томи Робинсон, чие вистинско име е Стивен Јаксли-Ленон, кој претходно ги критикуваше ставовите на Линекер за политичките прашања, беше меѓу првите што го сподели видеото.

Заедно со клипот, тој праша: „Што правиш тука Гари Линекер?“, јасно имплицирајќи дека Линекер е во друштво во кое не треба да биде. Авторот на оригиналната снимка му постави слично прашање, велејќи му на крајот „уживај во одморот“.

Брзиот одговор на Линекер

Целата ситуација го збуни Линекер, кој беше принуден јавно да објасни за што се работи. Како одговор на Робинсон, кого го обвини за поттикнување омраза, тој го разјасни идентитетот на жената во видеото.

„Ако мора да знаете, отидов во аптека со снаата ми, да купам лек за нејзиниот болен сопруг... мојот син. Омразата е ужасна слабост“, напиша Линекер. Подоцна сподели објава во која се вели дека Робинсон „ги предал своите следбеници охрабрувајќи ги повторно да шират клеветнички тврдења“.

Семејството исто така се вклучи

Линекер се осврна на својот 31-годишен син Хари, кој се ожени со долгогодишната партнерка Бела во летото 2025 година на Ибица. Се чини дека Хари не се чувствувал добро за време на одморот во Мексико. Вториот син на Линекер, Џорџ, исто така реагираше на објавите на Робинсон, кој кратко и јасно рече: „Тоа е неговата снаа, ти е*ан идиоту“.

Историја на конфликти

Ова не е прв пат Линекер да се судри со Робинсон и неговите поддржувачи. Претходно призна дека бил удрен со лакт во грбот од „мал старец“ на еден од митинзите на Робинсон. Исто така, во директна конфронтација му беше кажано дека „ја мрази Британија“ затоа што ги изразува своите ставови. „Секогаш е истиот тим. Истите луѓе се“, коментираше Линекер за своите критичари.

Напуштање на Би-Би-Си

Во мај оваа година, Линекер потврди дека ја напушта Би-Би-Си по 25 години водење на иконското шоу „Натпревар на денот“. Тој си замина по критиките за споделување објава што содржеше илустрација на стаорец, користен во антисемитската пропаганда за претставување на Евреите.

„Никогаш повеќе свесно не би објавил нешто антисемитско. Тоа е спротивно на сè за што се залагам. Сепак, ја признавам грешката и вознемирувањето што го предизвикав и повторувам колку ми е жал. Сега го сметам повлекувањето за одговорна акција“, рече тој во изјава во тоа време. И покрај неговото пензионирање од телевизијата, Линекер останува активен како водител на популарниот подкаст „ The Rest Is Football“ заедно со Алан Ширер и Мика Ричардс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година  во Киев.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Македонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена.

Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена.

Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање.

Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. 

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот..

Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер