Легендарниот Бирд за Јокиќ: Обожувам да го гледам, би сaкал да можев да играм против него - Канал 5

Легендарниот Бирд за Јокиќ: Обожувам да го гледам, би сaкал да можев да играм против него

Легендарниот американски кошаркар Лери Бирд упати бројни пофалби за двојниот добитник на МВП трофејот во НБА лигата, центарот на шампионот Денвер, Србинот  Никола Јокиќ. 

Легендарниот Бирд за Јокиќ: Обожувам да го гледам, би сaкал да можев да играм против него

Во интересен кошаркарски разговор со неговите некогашни ривали на теренот легендите на Индијана и Детроит Реџи Милер и Ајзеа Томас, Бирд откри дека обожава да ги гледа натпреварите на Денвер поради Јокиќ и дека би сакал да има можност да се натпреварува со Никола на паркетот.

„Би сакал да играм против него. Има толку многу добри играчи во историјата на нашиот спорт, но човече, колку е он добар. Се надевам дека ќе остане здрав, дека повредите ќе го заобиколат и дека ќе продолжи да прави што прави, затоа што е многу забавен за гледање“, вели Бирд, додавајќи:

„Голден Стејт беше забавен тим за гледање, кога сите беа здрави, сега се префрлив да го гледам Денвер. Никола прави сè да функционира таму“.

Инаку Лери Бирд кој е еден од најдобрите кошаркари на светот во историјата, е член на Кошаркарската куќа на славните, и легенда на Бостон Селтикс.

Во кариерата Бирд имаше просек од 24,3 поени и 10 скока и 6,3 асистенции по натпревар.

Славната 33 на Селтикси беше трикратен шампион во НБА, два пати МВП на финалињата, а три пати беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% 

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот за 2,183%, кај екстра лесното масло за 1,907% и кај мазутот намалувањето е за 4,388%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%.

Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,495 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,796 ден/кг и сега ќе изнесува.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2026 година. Трговците на

големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни

нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Од утре до сабота променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи

Според Управата за хидрометеоролошки работи од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. 

УХМР: Од утре до сабота променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“

Општина Гази Баба доби нова градинка. 

Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“

Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности.

Првите 6-7 години во животот се секогаш најзначајни, и тие не пратат до крајот на животот. Вредностите коишто во првите 6-7 години ќе ги стекнете, вредностите со коишто ќе другарувате и ќе ги споделувате, тие вредности понатаму најверојатно ќе ве пратат до крајот на вашиот живот.

Така што, јас пред сѐ би сакал да им посакам на нив многу нови другарства, многу знаење, коешто понатаму во животот, живот ќе им значи.

Истовремено би сакал тука исто така да ги потенцирам квалитетот на живот на родителите, коишто сега имајќи ги овие објекти на располагање, ќе знаат дека нивните дечиња се во сигурни раце. Дека се во сигурни раце кај воспитувачите, кај оние коишто ќе се грижат за нивното образование и за нивниот живот и на тој начин ќе можат да се посветат на реализирање на своите професионални обврски и реализирање професионално како личности.

И на крај би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на пратениците коишто доаѓаат од регионот на Општина Гази Баба, на советниците, на администрацијата, којашто ги поддржува ваквите објекти, бидејќи ова се навистина објекти како што кажавме од капитално значење, градиме автопати, градиме булевари, градиме градинки, градиме училишта, градиме игралишта. Сѐ се тоа капитални инвестиции, коишто за жал, со децении не биле изградени или да бидам уште подиректен и попрецизен, за жал, многу пати во минатото биле украдени.

Истовремено, му се заблагодарувам и на министерот за социјална политика, демографија и млади и заменикот за целокупната поддршка, којашто ја даваат при реализацијата на ваквите објекти, институционалната поддршка на централно ниво е исклучително значајна и важна и затоа мојата голема благодарност и почит како тим ја имаат сите учесници во реализирањето на овие проекти. И конечно на крај, на жителите коишто имаа трпение во целиот овој период.

Се надевам дека многу скоро ќе зазелени и партерното уредување околу објектот и навистина ќе го добие својот полн сјај и изглед онака како што го замислуваме.

Им благодарам и на крај и на воспитувачите, на директорката, на сите оние коишто ќе се грижат за образованието и воспитувањето на најмладите, коишто доаѓаат од ова населено место, изјави во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер