Од најголемите ѕвезди кои Американскиот филмски институт ги наведе во 1999 година како 50 легенди од златниот период, живи се само Софија Лорен (84) , Сидни Поатје (91) и Кирк Даглас (102). На списокот на најблиски пријатели од златното време на Холувуд, кои му недостигаат , Кирк Даглас го наведе Берт Ланкастер.
Најголема желба на легендарниот Кирк Даглас е светот да стане подобро место за живеење.
,, Има толку многу неторпеливост. Сакам луѓето едни кон други да бидат љубезни и да покажуваат повеќе почит.” , изјави Даглас.
Прашан што му преостанало од листата на желби , Кирк вели дека ги исполнил сите свои соништа.
,, Имав преубав живот и имам фантастично семејство. Благодарен сум на се што ми пружи животот.”