ЗабаваЛегендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерокЛегендарните фотографии од времето кога најдобриот светски фудбалер Лео Меси го држи бебето Ламин во рацете добива специјално издание, откако нивната приказна повторно го освои светот.„Topps“ го најави издавањето на специјална колекционерска картичка инспирирана од една од најпознатите фотографии во историјата на модерниот фудбал – моментот кога Лионел Меси во рацете го држеше тогаш уште бебето Ламин Јамал. Фотографијата е направена за време на престојот на Меси во Барселона, како дел од хуманитарна кампања на УНИЦЕФ. Она што првично претставуваше симпатичен промотивен момент, со текот на годините доби речиси филмска симболика, бидејќи момчето од фотографијата прерасна во една од најголемите млади ѕвезди на светскиот фудбал и стандарден првотимец на каталонскиот гигант. Интересот за оваа фотографија нагло порасна по финалето на Светското првенство, во кое Јамал и шпанската репрезентација ги победија Меси и Аргентина со тесен резултат од 1:0. Многумина го опишаа натпреварот како симболично предавање на палката, со оглед на тоа што лесно можеше да биде последен настап на 39-годишниот Аргентинец на светската сцена. Токму поради моќната приказна што ги поврзува овие две фудбалски епохи, компанијата „Topps“ одлучи да ја овековечи култната фотографија на ексклузивна колекционерска картичка, која сигурно ќе привлече големо внимание кај колекционерите и фудбалските фанови ширум светот. Почнувајќи од 2031 година, Topps ќе стане и официјален партнер на ФИФА за производство на колекционерски сликички, преземајќи ја таа улога од реномираната компанија Panini по долги години. Topps работи во рамките на Fanatics – компанија што во последниве години значително го проширува своето присуство на пазарот за спортски колекционерски предмети.Тагови: Ламин Јамал Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter