РакометЛегендарен српски ракометар бил претепан од сопствениот син Легендарниот српски ракометар и поранешен селектор Веселин Вуковиќ бил претепан од сопствениот 35-годишен син Петар пред болница во Белград.Како што пишуваат српските медиуми, Вуковиќ повикал полиција и рекол дека син му се заканувал пред Специјалната болница за зависности, по што синот наводно го нападнал. Вуковиќ одбил лекарска помош, а на неговиот син му биле изречени рестриктивни мерки, а против него е поднесена и пријава за семејно насилство. Не е познато дали еден од двајцата бил во болницата за наркомани или нападот се случил случајно. Вуковиќ во својата играчка кариера го освои златниот олимписки медал со Југославија во 1984 година во Лос Анџелес, а две години подоцна и златото. Од 2010 до 2013 година беше селектор на српската репрезентација со која го освои сребрениот медал на Европското првенство во Србија во 2012 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за транспорт: Реакција на прес конференцијата на СДСМДенешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за транспорт даде позитивно мислење. Развојот на спортската инфраструктура е приоритет и ние силно ја поддржуваме. Општина Аеродром ја има нашата цела поддршка. Целата постапка од страна на општината е целосно транспарентна и согласно сите регулативи. Министерство за транспортТагови: Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработкаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од заедничките интереси и солидарноста, а не само од парцијалните. Според неа, процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес. Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, таа предупреди на потребата од дебалканизација преку европеизација. За неа, европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа. Сиљановска-Давкова повика на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаАндоновски: Учениците ќе учат основи на програмирање и сајбер безбедност преку micro:bit уредиПроектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година.Во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница денеска беше означен почетокот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза 2“, партнерска иницијатива насочена кон развој на дигитални вештини, критичко размислување, практично учење и примена на современи технологии во образовниот процес. Проектот се реализира во партнерство меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, со заедничка поддршка од над 350.000 евра. Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година. Во оваа фаза ќе бидат опфатени 100 училишта од целата држава, повеќе од 20.000 ученици на возраст од 9 до 10 години, како и околу 1.000 наставници од одделенска настава. Наставниците ќе поминат обуки за користење на micro:bit уреди и современи дигитални алатки во наставата, а учениците ќе развиваат знаења и вештини од програмирање, сајбер безбедност, критичко размислување, решавање проблеми и основни концепти на вештачката интелигенција. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека проектот е важен чекор кон вистинска дигитална трансформација во образованието, преку која технологијата станува алатка за учење, создавање и развој на самодовербата кај учениците. „Проектот ќе биде наменет за цела Македонија, опфаќа вкупно 100 училишта и повеќе од илјада наставници кои ќе поминат обука каде ќе се стекнат со вештини како да ги користат овие micro:bit уреди во нивната настава. Зборуваме за четврто и петто одделение, а уредите ќе се употребуваат во сите наставни предмети. По сите наставни предмети ќе може да се прават проекти со micro:bit уреди, преку кои учениците ќе учат основи на програмирање и основи на сајбер безбедност. Очекувам од материјалите што ќе ги произведеме, меѓу кои и прирачници, и наставниците во погорните одделенија да ги користат micro:bit уредите и да работат на реални проекти“, изјави Андоновски. Целта е учениците да не бидат само корисници на технологија, туку да учат како да создаваат, да размислуваат логички, да решаваат проблеми и да работат со современи дигитални алатки. Во рамки на партнерството, Македонски Телеком дополнително ќе опреми пет училишта низ Македонија со компјутерска опрема. Првата донација на компјутери беше реализирана токму во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница, каде што се одржа и настанот за почеток на проектот. Проектот предвидува и онлајн консултации, онлајн micro курс, како и два Coding Challenge настани, преку кои учениците ќе можат да ги претстават своите идеи, креативност и стекнато знаење. „Училишта на 21 век – Фаза 2“ придонесува кон модернизација на образованието и подготовка на младите за дигиталната иднина. Програмата ќе им помогне на учениците да стекнат вештини кои сè повеќе се бараат на идниот пазар на труд, меѓу кои аналитичко размислување, креативност, технолошка писменост и иновативност.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50