316 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
ФудбалЛегенда на францускиот фудбал по само една година во пензија: Се чувствувам бескорисно Поранешниот голман на француската репрезентација Стив Манданда (41) се пензионираше пред една година. Тоа не му се допаднало. Се чувствуваше лошо затоа што немаше што да прави. Напиша и книга во која ја раскажа приказната за своите мисли по пензионирањето и состојбата во која се наоѓаше. „Не сум направил ништо веќе неколку недели. Деновите ми се празни и бескрајни. Немаат никаква смисла. Тонам во тишина. Невработен сум, лежам на каучот и не знам што чекам. Не сакам ништо. По 25 години фудбал, немам распоред, немам ритам, немам договори, ништо. Катастрофа. Веќе нема голови ниту играчи пред мене, немам капитенска лента, соблекувална, соиграчи и нивните шеги, кафе или дружење. Се чувствувам бескорисен. Слушнав многу пензионирани играчи да минуваат низ слични работи. Се здебелив три или четири килограми и морам да престанам. Се изолирав од општеството“, напиша тој. Сепак, по една година, ситуацијата се подобри „По една година, повеќе немам негативни емоции или темни мисли што ми се мотаа низ главата. Патрис Евра ми кажа дека поминал низ такви работи на крајот од кариерата. Ништо не е подобро од играње фудбал и адреналинот што го добиваш на стадионот. Кога ќе го изгубиш тоа и ќе прифатиш дека е готово, останува празнина. Потоа е важно да ги задржиш спомените од добрите времиња“, напиша Манданда. Тој стана познат по голот на Марсеј и стана легенда на француската лига. Во периодот од 2008 до 2018 година, пет пати беше прогласен за најдобар голман на француското првенство. Исто така, беше на Светското првенство во 2018 година и го освои златниот медал со Франција. Со Марсеј, го освои француското првенство и три Купа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНасилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело. Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди. Тагови: Босна и Херцеговина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook