МакедонијаЛефков: За утврдување каде потфрлил системот, потребно e да заврши судската постапка за КочаниНа телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дискутираше за поднесувањето на предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, од страна на Владата.„Овде станува збор за еден процес којшто започна уште на почетокот на годината, Собранието не ги усвои извештаите на Советот на јавни обвинители и на судскиот Совет којшто наместо да даваат препораки како да се надмине ситуацијата со недовербата во судството и нефункционалното јавно обвинителство, тие навидум само оперираа со едноставни бројки. ДКСК имаше еден куп инцијативи, околу 50тина од коишто ниту еден не заврши како обвинителен акт, што значи дека за целата состојба во јавното обвинителство, за нејзината нефункционалност треба да биде одговорен, и тоа според законот токму јавниот обвинител. Владата имаше седница на којашто достави предлог до Собранието за разрешување на јавниот обвинител, иако ова беше одложено поради случувањата и во Кочани и поради изборите. Разрешувањето на јавниот обвинител нема да влијае на обвинителниот тим, една судска постапка за Кочани и две предистраги. Обврска за чување на угледот на јавното обвинителство според Законот за јавни обвинители паѓа на јавниот обвинител“, истакна Лефков. Лефков се осврна и на темата за денешната Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во Кочани и истакна дека за утврдување каде потфрлил системот е потребно да се заврши судската постапка, и дека процесната правда е единствен начин да се дојде до правдата. „Нејзиниот претседател Апасиев имаше изјава на 64-тата седница од Собрание, во којашто велеше дека обвинителниот акт е килаво поставен и треба да падне, и дека министри и службеници кои земале мито не треба да бидат одговорни. Водејќи се од овие начела ние баравме изземање на претседавачот, затоа што тоа значеше дека Комисијата може да продолжи со работа, иако има спречување односно има друга постапка. Ние денеска присуствуваме на седницата и со гласање за дневниот ред констатиравме дека поднесувањето на оваа претставка е исправно и усогласено, меѓутоа за да утврдиме каде се потфрлил системот потребно е да се заврши судската постапка. Процесната правда е единствениот начин да дојдеме до правда и единствената надеж за нас како општество. Се надевам дека претседателот ќе се изземе барем за заклучоците, ќе се осврнеме на системските недостатоци и ќе се осврнеме на оние системски подобрувања коишто можеме да ги направиме“, рече Лефков и додаде: „И постојаната Aнкетна комисија и Aнкетната комисија што ќе се случува за сите трагедии, ќе имаат една цел, а тоа е да се утврдат оние системски слабости. Видовте како и покрај аргументите, имаше проблеми со заседувањето затоа што нејзиниот претседавач веќе одбрал страна и се настрои против обвинителниот акт. Видовме како тука е претседателката на државата, премиерот на државата, сите колеги пратеници, застанавме сите заедно кога станува збор за утврдување на една ваква одговорност“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08