ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
1ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
2СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
НБАЛеброн за продолжувањето на кариерата по неговата 23. НБА сезона: Не знам, само сакам да живеам, тоа е сèЛегендарниот НБА кошаркар, членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рече дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра по неговата рекордна 23. сезона.-Во овој момент не знам. Кога ќе одлучам, ќе дознаете и вие. Сега навистина Немам поим. Само сакам да живеам, тоа е сè, изјави за „ЕSPN“ 41-годишниот Американец. Џејмс е со Лејкерси од 2018 година. Тој е четирикратен шампион на НБА (2012, 2013, 2016, 2020). Во сезоната 2025/26 на НБА, Леброн имаше просек од 22,1 поен, 5,5 скока и седум асистенции во 35 натпревари. Тагови: Леброн Џејмс НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОд суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаинРечиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми. Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд. Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита. Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата. Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка. Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд. Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив? Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет? Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор? Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија немаЕвропската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени.За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници. Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања. Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски. Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата. Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи. Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата. Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо. Од Македонија заглавена надвор од ЕУ корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва. Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ. Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва. Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски. Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача. Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-Америка. Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место. Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата. Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина. Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност. Скопје, 30.09.2026 СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter