3Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
КошаркаЛеброн со синот ја испишаа историјата на НБА (ВИДЕО)Она за што сонуваше, Леброн Џејмс конечно го исполни - играше заедно со синот Брони на официјален натпревар и со тоа влезе во историјата на НБА.Леброн и Брони играа за Лос Анџелес Лејкерс во претсезонскиот пораз од Феникс (118:114) и на тој начин станаа првиот татко и син што играле заедно на кој било натпревар во НБА, на 20-тиот роденден на Брони. Ова е само увид во историскиот момент што ќе се случи кога кон крајот на месецов официјално ќе започне сезоната во НБА, бидејќи овој дуел се играше како подготовка за истиот. Џејмс сениор го заврши мечот со 19 поени, пет скока и четири асистенции за 16 минути, додека Брони стапна на теренот во втората четвртина. За 13 минути имаше само два скока, без поени. - Тоа е нереално. Многу ми е чест што сум дел од историјата - изјави пред натпреварот тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик. LeBron James. Bronny James. The father-son duo share the court for the first time together! 👏 pic.twitter.com/93hC7k64gK — NBA (@NBA) October 7, 2024 Инаку, Леброн се подготвува да ја започне својата 22-ра сезона во НБА. Во декември ќе наполни 40 години, а во текот на минатата сезона на 71 натпревар имаше просек од 25,7 поени, 8,3 асистенции и 7,3 скока. Брони, од друга страна, беше драфтуван како 55-ти пик по една сезона во УСЦ. Тој потпиша четиригодишен договор вреден 7,9 милиони долари, што е исклучително ретко за второ коло.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00
МакедонијаАкција за отстранување на хаварисани возила низ КарпошСекторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕРМС организира свеченост по повод денот на рударитеПо повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.Тагови: Денот на македонските рудари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупувањеВо изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи, три се се уште активни, четири се под контрола, а 24 се изгПожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook