Леброн се воздржува да не се изнасмее при интонирање на химната на САД (ВИДЕО) - Канал 5

Леброн се воздржува да не се изнасмее при интонирање на химната на САД (ВИДЕО)

НБА ѕвездата Леброн Џејмс едвај се воздржа да не пукне од смеење додека се изведуваше американската химна на почетокот на Ол-стар натпреварот што се одржа во Кливленд.

Леброн се воздржува да не се изнасмее при интонирање на химната на САД (ВИДЕО)

Како и секоја година, НБА Ол-стар натпреварот започна со изведба на американската химна, а оваа година ја изведе пејачката Мејси Греј. Пејачката изведе забавена верзија на The Star-Spangled Banner, а настапот го одбележа нејзиниот рапав глас, кој е нејзин заштитен знак.

За време на настапот камерите ги снимија играчите и бројните ѕвезди кои беа во публиката, а ја фатија и кошаркарската суперѕвезда како едвај ја задржува смеата. Реакцијата на Џејмс предизвика поделени коментари на социјалните мрежи, додека некои беа сочувствителни, други го критикуваа дека се смее за време на изведувањето на химната.

YouTube video

"Леброн Џејмс требаше да ги заштити Афроамериканките. Тој требаше да биде возрасен и да биде сериозен додека настапуваше Мејси Греј. Луѓето се смееја на нејзиниот стил на пеење бидејќи го видоа Леброн како се смее", напишал еден корисник на Твитер.

„Многу е чудно што Леброн ѝ се смее на Мејси Греј додека ја изведува националната химна. Нејзиниот глас отсекогаш бил таков, па зошто беше тоа смешно? вели еден корисник.

Ова не е прва ваква ситуација при изведување на химната на Ол-стар натпревар. Слична сцена се случила за време на појавувањето на Ферги на НБА Ол-стар натпреварот во 2018 година, кога ѕвездите Стеф Кари и Дрејмонд Грин беа прикажани како се смеат за време на нејзината изведба на химната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, финансирањето на брзата пруга и очекуваниот почеток на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект.

„После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет“, рече Николоски.

Одговарајќи на прашањето дали промената на премиерот во Обединетото Кралство може да влијае врз динамиката на реализација на проектот, Николоски нагласи дека станува збор за стратешко партнерство со држава чија политика во оваа област не зависи од промените на владата.

„Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада“, посочи Николоски.

Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на трговски комплекс „Триангла“ во општината Гази Баба. 

Мицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“

Денес присуствував на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба.

Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места.

Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата.

Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење! , објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено

Македонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично.

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено

Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 каде што говореше за напредокот на најголемите инфраструктурни проекти во земјава и ги откри роковите за нивно завршување.

За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба започна пред неколку дена, Николоски истакна дека станува збор за технички сложен проект, а како обезбедување дека рокот на изграбда ќе биде испочитуван, обезбедени се високи банкарски гаранции од изведувачите.

"Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван", посочи вицепремиерот.

Заменик претседателот на Владата зборуваше и за автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка", каде динамиката на работите се одвива според планираното.

"На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат, на Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година.

Уште подобра динамика имаме на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го имаме на средина на следната година, околу 12 км, втора половина следната година ќе имаме уште едно отварање и 2028 ќе го завршиме цел", истакна Николоски.

Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите за овој регион на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер