Леброн призна дека е скржавец - Канал 5

Леброн призна дека е скржавец

Леброн Џејмс признава дека не сака да троши премногу кога тоа не е потребно иако во минатото покажа дека е дарежлив човек.

Леброн призна дека е скржавец
Кралот на Кливленд кавалирс, на пример, потроши 41 милион долари да прати деца од Акрон, Охајо, на колеџ, а донира 2,5 милиона долари на музејот на афроамериканската историја.

Но, човекот што ќе заработи 31 милион долари оваа сезона отворено признава дека е најевтиниот човек во НБА -игата. Кога неговиот колега Двејн Вејд посочи дека Леброн не го користи телефонот ако нема бесплатна вајфај-мрежа, Леброн призна дека е така.

„Не го вклучувам податочниот проток, не купувам апликации, уште имам Пандора со реклами. Не плаќам за тоа“, изјави Леброн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот суд ги поништи царините на Трамп; САД ќе вратат 81 милијарда долари

Владата на САД исплати десетици милијарди долари поврат на средства за царини упплатени пред одлуката на Врховниот суд да ги прогласи за незаконски, според податоците за буџетот објавени во понеделник. 

Врховниот суд ги поништи царините на Трамп; САД ќе вратат 81 милијарда долари

Царините беа клучен дел од економската политика на претседателот Доналд Трамп откако тој ја презеде функцијата минатата година, но судот поништи голем дел од нив во февруари, објавува „Гардијан“.

Според објавените податоци, Соединетите Американски Држави исплатија 81 милијарда долари поврат на царини во текот на тековната фискална година, која започна во октомври 2025 година.

За споредба, само 5 милијарди долари беа исплатени во истиот период минатата година. Службеник на Министерството за финансии им потврди на новинарите дека огромниот пораст речиси целосно се должи на пресудата на Врховниот суд. Тој додаде дека поголемиот дел од повратните средства се издадени во текот на мај и јуни.

Трамп ги претстави царините како решение за сите економски проблеми - почнувајќи од враќање на производството во Америка и обезбедување подобри трговски договори, па сè до намалување на дефицитот на федералниот буџет.

Сепак, буџетскиот дефицит, кој малку се намали минатата година токму поради приходите од царини, сега повторно расте. Во првите девет месеци од фискалната година, тој достигна 1,367 трилиони долари, што е зголемување од 2 проценти. Во исто време, и другите расходи се зголемија.

САД потрошија повеќе од 1 трилион долари само за камати на својот долг - зголемување од 14 проценти - додека воените трошоци се зголемија за 5 проценти поради војната на Блискиот Исток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово.

МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон.

По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За 2 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра

За 2 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра, продолжуваат инвестициите во спортот низ државата.

За 2 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во спортската инфраструктура и го враќа спортот на местото што го заслужува, меѓу клучните национални приоритети.

Со конкретни инвестиции во спортската инфраструктура, се создаваат подобри услови за развој на младите, за спорт и за нови спортски успеси.

Во изминатите две години се реализирани и започнати 60 спортски проекти, со вкупна вредност од над 21 милион евра. Овие инвестиции не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку вложување во генерациите што доаѓаат и создавање здрави животни навики.

За 2 години се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш.

Започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово.

Се градат нови спортски сали, реконструираат атлетски патеки, се градат мултифункционални игралишта, стадиони и базени кои ќе овозможат илјадници деца, млади и рекреативци да спортуваат во современи и безбедни услови.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ овозможува да се создаваат предуслови за развој на врвниот спорт и да се организираат спортски настани кои ќе придонесат и за локалниот економски развој.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на нови капитални проекти, затоа што силната спортска инфраструктура е темел за успешен спорт, поздрави генерации и посилна Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестициите во спортот, бидејќи тие носат вредност со децении, а придобивките од нив ќе ги чувствуваат и сегашните и идните генерации.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер