Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
2Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
3МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
НБАЛеброн погоди со сирената за победа над Торонто, Бостон на чекор од финале на ИстокотЛеброн Џејмс по којзнае кој пат го извлече Кливленд Кавалирс од проблеми и го одведе до победа. „Кралот“ реализираше кош со сирената, за да може неговиот тим да поведе со 3:0 во победи во полуфиналната плејоф серија во Источната конференција против Торонто. Благодарение на неговата изведба, Кавс победија со 105:103 и се само на чекор од финалето на конференцијата. Инаку Кавалирс имаа надмоќ во првите три четвртини од натпреварот, но во последната Торонто ја презеде иницијативата и го израмни резултатот на 8 секунди пред крајот. Потоа, на сцената излезе Леброн Џејмс. Неговите соиграчи ослободија доволно простор за докажување на теренот, тој направи самостојна акција, при што ја помина одбраната на противникот и од табла ја испрати топката во мрежата во последниот можен момент од дуелот. Генерално, Џејмс повторно беше незапирлив со 38 поени, 7 асистенции и 6 скокови. Кевин Лав, исто така, беше одличен за домашниот тим и со „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 16 скока даде значаен придонес во успехот. Кајл Лори со 27 поени и 7 асистенции беше најдобар кај Рапторс, а Јонас Валанчунас постигна 10 поени и 11 скокови. Следниот натпревар од серијата е на 8 мај и повторно е во Кливленд, а при победа, Леброн и компанија ќе се пласираат во финалето на Истокот. Ал Хорфорд пак ги приближи Бостон само на победа од финалето во Источната конференција откако имаше голем придонес при успехот со 101:98 по продолжение против Филаделфија. Селтикс водат со 3:0 во серијата и може да ги завршат работите во следниот меч. Хорфорд имаше само 2 поени во првите 3 дела, но потоа се разигра, откако излезе на сцената во последните секунди, кога прво беше пронајден под кошот и реализираше, за да донесе предност од 99:98 на својот тим. Поважната акција сепак следеше, кога украде топка од Џоел Ембид и беше фаулиран, а потоа ги постигна и двата удари од линијата за слободни. Обидот за тројка на Марко Белинели со сирената сепак не ја погоди целта и Сиксерс доживеа трет последователен пораз. Токму Италијанецот сепак го донесе продолжението, откако постигна од крило на самиот крај на регуларното време. Претходно, Џејлен Браун им даде предност на гостите по брз напад на само 1,7 секунди пред крајот. Сепак, Белинели изедначи. Дебитантот Џејсон Тејтум повторно беше импресивен за Бостон, завршувајќи со 24 поени. Тери Розиер додаде 18, Џејлен Браун 16, а херојот Хорфорд се истакна со 13. За домаќините Џоел Ембид заврши со 22 поени и 19 скока. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
СветАмериканските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две деценииАмериканските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна. Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава. Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“. Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотMG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на СкопјеНа отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје. На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective. Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата. MG Collective × Bratot Apparel Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура. MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор. Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите. Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат. Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coмТагови: Bratot Apparel Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија.Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски прашан за посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Фон Дер Лајен, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter