Леброн: Имаме проблеми во напaдот

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс не е задоволен од ефикасноста на тимот на последните неколку натпревари.

Лејкерси ноќеска постигнаа 80 поени против Минесота тимбервулфс (80:109).

- Во оваа фаза едноставно не даваме се од себе во офанзива. Веројатно потрошивме премногу време обидувајќи се да ги поправиме нашите недостатоци во одбраната. Сега имаме проблеми во нападот... Ова важи за сите. Немаме многу простор на теренот, момците буквално се налетуваат еден на друг. Треба да го погледнеме видеото и да сфатиме како можеме да се подобриме. Треба да посветиме повеќе време на ефикасноста. Многу работи тргнаа наопаку, воопшто не чувствуваме никаков ритам во последните неколку натпревари, истакна 40-годишниот Џејмс.

Лос Анџелес лејкерс се наоѓаат на 8.место во Западната конференција со 12 победи и девет порази.

Ѓоковиќ го затвори тренингот пред четвртфиналето против Алкараз

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата, десеткратниот освојувач на Австралија Опен, Србинот Новак Ѓоковиќ овој понеделник тренираше во комплексот Мелбурн Парк, но за првпат го затвори тренингот за новинарите и пошироката јавност.

Комплексот го вклучува и Националниот тениски центар на Австралија, кој вклучува и затворени терени. Токму тука Србинот реши да направи генерална проба пред четвртфиналниот натпревар против Карлос Алкараз, кој е закажан за вторник во 11 часот по наше време.

Ѓоковиќ, инаку, цело време тренираше на терените на Националниот тениски центар зад затворени врати во текот на 2023 година, кога последен пат славеше во Мелбурн.

За разлика од Новак, Карлос Алкараз тренираше на отворени терени и сите можеа да ја видат неговата генерална проба за четвртфиналето.

Победникот од овој меч ќе игра во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Томи Пол (САД) и Александар Зверев (Германија).

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени и испратени во егзил во трети земји.

- Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што стапи во сила вчера, предвидува повеќе од 230 Палестинци осудени на доживотен затвор да бидат меѓу ослободените во замена за 33 израелски заложници.

Израел објави список од 734 затвореници кои би можеле да бидат ослободени според првата фаза од договорот за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечната војна во Појасот Газа, со посредство на Катар и со помош на САД и Египет.

Меѓу имињата на списокот - 296 се на затвореници осудени на доживотен затвор за извршување или учество во напади или бомбашки напади во кои беа убиени израелски државјани. Двесте триесет и шест од нив треба да бидат депортирани, главно во Катар или Турција, откако ќе излезат од затвор.

Првата фаза од договорот предвидува ослободување на околу 1.900 Палестинци затворени од Израел во замена за 33 израелски заложници држени во Појасот Газа.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче уште го штитат Груби

СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија.

Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани.

На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде.

СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.

Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес.

СДС е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче.

Во СДС ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши.

Се додека СДС и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер