Леброн и Лав постигнаа 74 поени во победата на Кливленд против Торонто - Канал 5

Леброн и Лав постигнаа 74 поени во победата на Кливленд против Торонто

Кевин Лав конечно покажа на што е способен, откако синоќа постигна 31 поен, а Леброн Џејмс повторно беше незадржлив со 43 во победата на Кливленд против Торонто со 128:110 на гости. Кавалирс поведоа со 2-0 во плејоф серијата и сега ќе бидат домаќини на следните два натпревара.

Леброн и Лав постигнаа 74 поени во победата на Кливленд против Торонто
Двајцата беа солидни и во другите индикатори, откако Лав имаше 11 скокови, а Џејмс додаде 14 асистенции. Кливленд беше прецизен во 59 отсто од своите шутеви од игра, а Репторс едноставно немаше никаква шанса да се спротивстават.

- Убаво е да се види таква изведба од Кевин. Тој покажа дека е нашето најдобро крило и тоа беше многу важен натпревар за него, изјави Леброн, чиј тим запиша осма победа по ред против Канаѓаните во плејофот.

Торонто го изгуби натпреварот во третиот дел, кога гостите направија серија од 18:5, поведоа со 11 поени разлика пред последниот период, а потоа не погледнаа назад. Кавс направија само три грешки во натпреварот и освоија клучна победа, која ги прави главен фаворит за место во следниот круг на елиминации. Торонто првпат загуби два меча по ред дома во кампањата.

Бостон Селтикс исто така водат со 2-0 во серијата пред двата последователни натпревари во салата на Сиксерс.

„Детелините“ израмнија 22 поени негатива, откако губеа со 26:48 во првите минути на втората третина. Тие намалија на 5 разлика уште до паузата, а потоа го комплетираа пресвртот. Тие имаат 6-0 дома во плејофот оваа сезона.

Филаделфија успеа да поведе повторно со 93:88 во последната четвртина, но серијата од 11:4 во корист на Бостон ги сврте работите, а осум секунди пред крајот Ал Хорфорд конечно обезбеди триумф со решавачки кош.

Дебитантот Џејсон Тејтум ги предводеше победниците со 21 поен, Тери Розиер додаде 20, Маркус Морис 19. Хорфорд помогна со 13 и 12 скока за триумфот.

Џеј Џеј Редик забележа 23 поени за Филаделфија, од кои 5 тројки, Роберт Ковингтон додаде 22, Џоел Ембид постигна 20 и зеде 14 скока, но најголемиот проблем за „Сиксерс“ беше претставувањето на Бен Симонс, кој остана само со поен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи.

Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми.

Пораки до родителите и необичен потпис

„Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки.

Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара.

Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

Денеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот.

По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач.

Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен.

Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер