НБАЛеброн Џејмс уште три години во КливлендЛеброн Џејмс потпиша нов тригодишен договор со Кливленд за сума од 100 милиони долари.Во првата сезона неговата плата ќе изнесува 31 милион долари, а во втората 33 милиони. Досега најголема плата имаше Мајкл Џордан со Чикаго во сезоната 1997/98 во висина од 33 милиони. - Навистина сум возбуден, пред се дека ќе ја браниме титулата и сите знаеме дека претходната сезона беше волшебна, изјави Џејмс. Џејмс има три титули шампион на НБА - две со Мајами и една со Кливленд, и секогаш беше МВП на финалната серија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младитеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата. Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани. Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем. Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа. Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици. Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства. Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителитеВо тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗакони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во СобраниетоЧетири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33