Леброн Џејмс стана првиот играч во историјата на НБА кој достигна 39.000 поени - Канал 5

Леброн Џејмс стана првиот играч во историјата на НБА кој достигна 39.000 поени

Ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој достигнал 39.000 поени во кариерата.

Леброн Џејмс стана првиот играч во историјата на НБА кој достигна 39.000 поени

Џејмс ги постигна своите јубилејни поени во првата четвртина од натпреварот против Јута одигран денес.

Леброн на овој натпревар влезе со 38.995 поени на своето име. Средбата ја заврши со 17 поени и сега е на 39.012 поени.

Минатата сезона, на натпреварот во февруари против Оклахома, Џејмс го мина легендарниот центар Карим Абдул-Џабар (38.387 поени), кој долго време го држеше рекордот во лигата.

Триесет и осумгодишниот Џејмс ја игра својата 21-ва сезона во НБА-лигата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејт Сестина: „Нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. 

Нејт Сестина: „Нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“

„Јас сум момче кое сака тимска игра и работи за тимот“ порачува силнито крило на напата најдобра селекција пред дуелот со Ирска во Скопје.

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, силното крило максимално подготвен го дочека новиот повик и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал.

Играчот со евролигашко искуство веднаш се стави во функција на тимот кој ги одработува последните подготовки пред клучните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Првиот предизвик е дуелот со Ирска на 2 јули во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Сестина вели дека првите впечатоци од новата средина се одлични и дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе го облече македонскиот дрес на официјален натпревар.

„Одлично се чувствувам овде. Тимот ми посака добредојде и моето прво искуство во Македонија е одлично. Имаме добар тим кој може да се натпреварува. Возбуден сум што имам шанса да играм на теренот со овие играчи, верувам дека исто се чувствуваат и моите соиграчи“, вели Сестина.

Заедничката работа и следењето на замислите на стручниот штаб се главниот фокус во пресрет на дуелите со Ирска и Луксембург.

„Работиме заедно, гледаме да се држиме до планот на игра, затоа што нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“, додава новиот репрезентативец.

Од кошаркарот кој во последните сезони беше дел од европски гиганти се очекува да донесе квалитет во шутот, енергија и искуство на теренот.

„Од мене може да очекувате добра енергија, шут за три поени, но и тимска пожртвуваност. Јас сум момче кое сака тимска игра и работи за тимот. Се радувам на новиот предизвик и чекам на следниот меч“, порача Сестина пред своето деби во македонскиот национален тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот

СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот.

Манасиевски: СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот

СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат.

Јавноста мора да знае, дека овој Закон е дел од Реформската агенда, и тој се носи со сугестии и забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР.

Упатуваме јасна порака до СДС и до Левица, да предложат амандмани со кои бараат корекција на начинот на заокружување и на поднесување на приговори и да ги повлечат другите амандмани и заедно, консезуално да го донесеме овој Изборен законик.

Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога вештачката интелигенција има клучна улога.

Венко Филипче и Димитар Апасиев, со блокада на овој Закон, сакаат директно да и нанесат штета на Македонија во делот на исполнување на реформите од Реформската агенда, но и во повлекувањето на средства од Планот за раст.

Почитувани граѓани,

На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно, одговорно и транспарентно. Им пречи што сме први во регионот во исполнување на реформи од Реформската агенда и во повлекување на финансиски средства од Планот за раст.

Ние ќе продолжиме по тој пат, бидејќи тој пат е вистинскиот за Македонија.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска не успеа да го продолжи сензационалниот низ на победи на Грен слемот во Вимблдон.

Пораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон

Минатогодишната финалистика на Отвореното првенствто на Англија, Американката Аманда Анисимова сепак беше пресилна за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска на нејзиното деби на еден Грен слем турнир.

Импресионираната Ѓорчевска по низата од три победи во квалификациите на Вимблдон во премиерото коло на неофицијалното светско првенство во тенис во дуелот со големата фаворитка Анисимова немаше сили за ново изненадување и заслужено загуби со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 .

Попладнево Лина на еден од терените на Вимблдон имаше голем проблем со уфрлувањето на првиот сервис и во моментите кога требаше да го одбрани својот сервис правеше двојни сервис грешки.

Без разлика на неуспехот ова е историски ден за македонскиот спорт, бидејќи нашата Лина денеска стана првата македонска тенисерка која изборила учество на еден од четирите најголеми турнири во светот, Грен слемот Вимблдон.

По поразот од една од главните кандидатки за освојување на трофејот, Анисимова, македонската тенисерка нема причини за тага бидејќи треба да биде горда како и сите ние на своите игри и резултати во квалификациите пред Вимблдон кога успеа да победи три подобро рангирани тенисерки. Лина заслиужува едно големо браво за игрите на Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер