Леброн Џејмс сака да игра за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз - Канал 5

Леброн Џејмс сака да игра за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз

Еден од најдобрите кошаркари во историјата ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека е подготвен да игра за репрезентацијата на САД на претстојните Олимписки игри во Париз, пренесуваат американските медиуми.

Леброн Џејмс сака да игра за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз

39 годишниот Леброн посочи дека нема да има лидерска улога во американскиот тим на Игрите во Париз.

- Ќе видам како ќе се чувствувам на крајот од сезоната, но мислам дека настапот во ОИ не би бил преголем напор за мене. Со оглед на кошаркарите кои можат да играат во нашиот олимписки тим, не би морал многу да играм и работам, малку ќе скокам, ќе асистирам, блокирам... Сигурно не би сакал да бидам меѓу главните играчи - изјави Џејмс по Ол-стар натпреварот во Индијанаполис.

Популарниот Кинг Џејмс веќе има две златни олимписки медали со селекцијата на САД, освоени на Олимписките игри 2008 во Пекинг и 2012 година во Лондон, како и бронзен медал на Олимписките игри во Атина 2004 година.

Предводникот на Лејкерси воедно истакна дека се уште не знае уште колку сезони ќе игра во НБА, но најави дека се ближи крајот на неговата играчка кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Четири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. 

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс.

Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг.

Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување.

Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините.

Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

 Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.

Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер