3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
НБАЛеброн Џејмс потврди останува во КливлендНа радост на навивачите на новиот НБА шампион, Кливленд „Кавалирс“, првата ѕвезда на тимот Леброн Џејмс потврди дека и следната сезона останува во редовите на „Кавс’’. „Овде се чувствувам одлично и немам причина да си одам од клубот. Ова се најсреќните моменти од мојот живот“ – истакна Џејмс по вчерашната прослава на титулата низ улиците на Кливленд каде новите шампиони беа пречекани од повеќе од 1,5 милион граѓани на овој град. Со тоа, Џејмс ги отфрли шпекулациите дека ќе ги напушти „Кавси’’ иако неговиот договор со клубот истече со завршувањето на сезоната, со што Леброн стана слободен играч. За услугите на МВП-то на финалето, веќе се заинтересираа Њујорк и ЛА Клиперс, но суперѕвездата на истакна дека ќе остане во тимот, а потпишувањето на нов договор е многу блиску. „Останати се само некои технички работи, а тој дел од работата ќе го направи мојот агент’’, дополни Џејмс кој во Кливленд се врати 2014 година, после четири поминати сезони во Мајами, а по минатогодишниот пораз во финалето, сезонава Кливленд му се реваншира на Голден Стејт по што оваа екипа за прв пат во историјата стигна до шампионскиот трофеј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаСДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главитеКако да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?Христијан Мицкоски изјави дека очекува добри односи со Србија и по победата на студентската листа. Како? Како да има добри односи со студентите што се бореа против неговиот шеф? Против Александар Вучиќ, менторот, диригентот и газдата на македонската банда. Студентите се побунија против корупцијата што доведе до смрт на 16 луѓе на железничката станица во Нови Сад. На Мицкоски му се случи Кочани поради корупција. Истата матрица. Како да има добри односи со студентите кога е дел од балканскиот картел? Кога е дел од Вучиќевата криминална мрежа на Балканот? Кога е дел од Орбан-Вучиќевата мрежа што се распаѓа, делче по делче? Како, кога ја донесе Вучиќевата банка во Македонија? Алта банка, што Европската централна банка ја запре, што има забрана во Црна Гора, што е под истрага за сомнително потекло на капитал и што врши трансфери кон Москва. Банка чиј сопственик, Давор Мацура, до пред неколку години сопственик на менувачница, има барање за американски санкции врз него. Банка за која се смета дека е поврзана со семејството Вучиќ. Мицкоски ја пумпа касата преку јавните претпријатија и министерствата право во таа банка. Тоа не се добри односи. Тоа е врска. Како, кога ја донесе Ало групацијата и Информер во Македонија? Вучиќевата пропагандна машинерија. Медиумите што го нарекуваа својот народ „усташи“ и „терористи“, што ја нарекуваа студентската листа „силувачко-секташка“, што со години ја хранеа омразата. Латас и Ивона Талевска се пандан на Вучиќевиќ и Митровиќ. Истиот метод. Истиот газда. Како, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите на студентите, а во тоа време Мицкоски со него пиеше вино? Како, кога навивачи, хулигани и криминалци Вучиќ праќаше против тие исти деца, а Мицкоски го зеде Адамовиќ од таа група да му биде партнер за струја, броила и да биде конзул на нашата земја? Како? Како, кога организираше митинг против студентите во Куманово? Како, кога неговиот министер е дел од БИА групата што ги апсеше студентите? Како, кога праќаше луѓе во Белград на митинг на Вучиќ и со него издаваше српски пасоши? Како кога студентите се бореа против корупцијата, а Мицкоски ја градеше како систем? Кога народот во Србија ја враќа државата во свои раце, а Мицкоски ја држи сопствената држава како плен? Добри односи со студентите не се градат така. Се градат со тоа што ќе одговара и Вучиќ и Мицкоски. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Следен е Мицкоски. Студентите победија. Народот ќе победи и тука, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook