Леброн Џејмс постигна 57 поени, Бостон ја продолжи победничката серија - Канал 5

Леброн Џејмс постигна 57 поени, Бостон ја продолжи победничката серија

НБА вицешампионот Кливленд ја прекина серијата од четири порази во низа откако ноќеска на гостувањето во Вашингтон забележа победа со 130:122.

Леброн Џејмс постигна 57 поени, Бостон ја продолжи победничката серија
Леброн Џејмс уште еднаш беше првото име во тимот на Кливленд, постигнурајќи речиси половина од поените. Џејмс средбата ја заврши со дабл-дабл од 57 поени и 11 скока, а имаше и седум асистенции. Со тоа Џејмс стана седмиот играч во историјата на НБА лигата, воедно и најмладиот, кој стигна до бројката 29.000 поени во својата кариера.

Во второто дерби на вечерша Бостон славдеше победа на гостувањето кај Оклахома со 101-94, иако на полувремето домаѓините водеа со 18 поени разлика. Кајри Ирвинг со учинок од 25 поени, 6 скокови и 5 асистенции, заедно со Ал Хорфорд кој имаше 20 поени и 8 скока. На „Тандерси“ не им помогнаа ниту дабл-дабл учиноците на Пол Џорџ од 25 поени и 10 скокови како Расел Вестбрук кој средбата ја заврши со 19 поени и 11 скока.

Ова беше седбата победа на Бостон во низа откако на стартот на сезоната „Селтикси“ ги загубија првите два натпревари./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген отпушта уште 50.000 работници низ целиот свет?

Германскиот производител на автомобили Фолксваген би можел да укине уште околу 50.000 работни места низ целиот свет за да се натпреварува со своите главни конкуренти по трошоци, изјави извршниот директор Оливер Блуме во интерна порака до вработените.

Фолксваген отпушта уште 50.000 работници низ целиот свет?

Блуме во пораката, објави Ројтерс, наведува дека Фолксваген моментално има недостаток од околу 20 проценти во споредба со споредливите производители на автомобили.

Според него, таа разлика математички би одговарала на „теоретско намалување“ од дополнителни 50.000 вработени низ целиот свет.

„Моментално проценуваме, низ сите брендови, компании и региони, колку прилагодувања се навистина неопходни и изводливи“, вели Блуме во пораката.

Германските медиуми претходно предупредија дека Фолксваген би можел да одлучи да затвори четири фабрики во Германија, како и да отпушти до 100.000 вработени низ целиот свет.

Главниот проблем на Фолксваген е послабата продажба на клучните пазари, особено во Кина и САД.

Продажбата на „Фолксваген“ во вториот квартал од 2026 година се намали за 8,6 проценти на годишно ниво на нешто помалку од 2,1 милиони испорачани возила, со особено изразен пад на продажбата во Кина, објави компанијата минатата недела.

Испораките на возила под основниот бренд на „Фолксваген“ се намалија за 14 проценти на годишно ниво на околу еден милион возила, додека „Ауди“ објави пад од осум проценти, а „Порше“ за дури 18 проценти.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасна трагедија во центарот на Белград: Маж падна од четврти кат

Денес во Белград се случила трагедија, во која маж на возраст од околу 40 години паднал од четвртиот кат од зграда на улицата Балканска.

Ужасна трагедија во центарот на Белград: Маж падна од четврти кат

Екипи на брза помош и полиција брзо пристигнале на местото на настанот, но лекарите, за жал, не можеле да му помогнат. По прегледот, тие можеле само да ја потврдат смртта на мажот.

Полицијата спроведе увид на лице место и работи на утврдување на сите околности што довеле до оваа трагедија.

Засега не е познато под какви околности мажот паднал, а повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на истрагата, објавува Мондо.

Фото: ВИ илустрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голманот на БиХ се сели на Блискиот Исток

Никола Васиљ имаше многу добро Светско првенство зад себе, што му обезбеди трансфер на нова дестинација.

Голманот на БиХ се сели на Блискиот Исток

Бидејќи минатата сезона испадна од Бундеслигата со Сент Паули, беше очигледно дека ќе бара нова средина, а изборот падна на Саудиска Арабија.

Како што објави „Билд“,голманот наводно веќе отпатувал во Саудиска Арабија на медицински прегледи, каде што се очекува да потпише договор со новоформираниот член на локалната Премиер лига, тимот на Ал Дирија.

Васиљ имаше четири настапи на Светското првенство, беше стартен голман за Босна и Херцеговина, која стигна до 1/16 финалето, каде што беше елиминирана од САД.

Сега дојде време тој да го напушти европскиот континент и да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер