Леброн Џејмс и Ентони Дејвис си истетовираа исти тетоважи во чест на Коби Брајант - Канал 5

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис си истетовираа исти тетоважи во чест на Коби Брајант

Кошаркарите Леброн Џејмс и Ентони Дејвис направија тетоважи во чест на трагично загинатиот колега Коби Брајант.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис си истетовираа исти тетоважи во чест на Коби Брајант

И двајцата го избраа мотивот на црна мамба затоа што тоа беше прекарот на Коби, а фотографиите ги сподели уметник за тетоважи кој им ги направил тетоважите. Леброн ја стави тетоважата со змија на левиот бут , а Дејвис на десниот.

YouTube video

Црната Мамба беше прекар Коби, означувајќи го своето алтер его. Во документарецот, Брајант откри дека го создал за да си помогне самиот во најтешкиот период од неговиот живот, во 2003 и 2004 година.

"Од врвен играч кој имаше се пред мене за една година, дојдов до личност која немаше поим што го чека во животот. Морав да се разделам. Толку многу се случуваше одеднаш. Сè беше ужасно збунувачко. Морав да се организирам,така што ја создадов Црната Мамба“, рече тогаш Коби .

Тој објасни дека „Коби“ е дел од неговата личност која се бореше со „лични предизвици“ додека „Црна Мамба“ беше посветена на кошарката. Самото име го инспирираше филмот на Тарантино, Убиј го Бил.

И двајцата кошаркари на социјалните медиуми по смртта на Коби изразија колку се шокирани и погодени од вестите и колку го сакаа Коби Брајант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка силно го нападна Иран, следуваше жестока одговор

Америка ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.

Америка силно го нападна Иран, следуваше жестока одговор

Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови.

Иран утрово одговори на ноќешниот напд.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран.

Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата

Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe).

За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествуваше на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус беа иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили. На форумот на кој присуствуваа високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија беше испратена пораката: „Нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија!“

Учеството на овој форум е исклучително важно имајќи ја предвид намерата на македонската Влада за поддршка на развојот на домашните компании во областа на наменската, воена индустрија.

На првиот работен ден, се одржа и церемонија за прием на три сојузнички земји – Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe) – стратешки значајна иницијатива за воспоставување на интегриран систем за летачка обука во Европа. Преку NTFE се создава ефикасен, координиран и стандардизиран долгорочен систем за обука на пилоти, техничари и воздухопловен персонал согласно НАТО стандардите и потребите. Нашата земја е дел од основачите на оваа иницијатива.

Во текот на вчерашниот ден Мисајловски учествуваше на приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер каде имаше и свое обраќање пред присутните. Тој во оваа прилика ја истакна одличната соработка која ја имаат нашите две земји, дека се пример за градење одлични билатерални односи и му упати честитки на министерот Ѓулер за новиот објект на Министерството за национална одбрана на Република Турција.

Активностите продолжија во претседателскиот комплекс во Анкара каде Мисајловски учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на министри за одбрана на кој учествуваа и министрите за одбрана на земјите партнери од Индо-пацифичкиот регион. За време на овој настан со своите колеги министерот Мисајловски информираше за инвестициите од македонскиот буџет во развојот на одбраната на земјата и процесот на модернизација на Армијата, со што се јакне борбената готовност на македонската Армија, а се зацврстува и колективната безбедност на НАТО. Тој додаде дека издвојувањата кои македонската влада ги прави во поглед на одбраната, а кои ги вклучува и инвестициите поврзани со одбраната и заштитата на националната безбедност, како што е заштитата на критичната инфраструктура и изградбата на двата суштински коридори надминуваат 4% од предвидените 5% кои е потребно да се достигнат во наредните 10 години. Мисајловски нагласи дека со сите досегашни договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и партнерите меѓу кои и преку Европскиот мировен фонд дополнително се влијае на зајакнување на капацитетите при извршување на задачите во мировните мисии и операции. Во тој контекст министерот Мисајловски нагласи дека од особено значење е двете мисии на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина АЛТЕА и НАТО мисијата КФОР да продолжат и да бидат гарант за стабилноста на овој регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот Мицкоски

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, попладнево ќе престојува во посета на Македонија, во чии рамки ќе се сретне и ќе одржи прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Марта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот Мицкоски

Во пресрет на посетата, таа порача дека доаѓа во Скопјe за да охрабри прогрес во преговорите за пристапување..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер