Леброн Џејмс фатен во секс скандал со атрактивна манекенка (ВИДЕО)

Леброн Џејмс е еден од најпознатите и најдобрите спортисти на денешницата, а важен дел од неговиот имиџ е хармоничниот семеен живот. Тој е долги години во брак со неговата љубов од средно училиште ,Савана Бринсон.

И покрај нивниот долгогодишен брак, една изјава беше доволна за многумина да заклучат дека Џејмс ја измамил својата сопруга.

Ерза Халити, сопруга на ѕвездата на НФЛ, Ник Ванет, го обвини Џејмс на социјалните медиуми дека е прељубник.

„Не ми се допаѓа Леброн Џејмс затоа што не сакам мажи што ги изневеруваат жените“, напиша таа и ја именуваше жената на Џејмс, дека наводно ја измамила со извесна Софија Џамора.

Таа по некое време го избриша тој пост, но како што знаеме, на интернет памти  сè.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🏀 @prettylittlething

A post shared by fia (@sofiajamora) on

Не се знае многу за Џамора, освен дека два милиони луѓе ја следат на Инстаграм и дека таа е успешна инфлуенсерка. Таа работела како манекенка, претежно за бикини. Снимена е и на трибините додека играат Лејкерс.

Таа не е првата жена со која Џејмс е осомниечн за прељуба. Пред четири години Рејчел Буш беше прогласена за негова љубовница, а тој подоцна се оправда со тоа што и испрати порака и ја покани да дојде на натпревар. Се покажа дека таа е во врска со американскиот фудбалер Џордан Појер, со кого подоцна се омажи.

Џемора излезе на Твитер и напиша: „Луѓето не знаат колку нивните зборови можат да повредат“.

Ниту Џејмс, ниту неговата сопруга не ги коментираат наводите.

притисни ентер