Леброн Џејмс бесен поради најавата за завршување на НБА сезоната

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги негираше тврдењата на некои американски медиуми дека голем број на претседатели на клубови и агенти се за официјален прекин на НБА-лигата.

Наводно, тие веруваат дека клубовите и играчите треба да започнат со подготовките за следната сезона што е можно поскоро и дека е подобро да не се продолжи актуелната сезона.

"Го видов она што се пишува и можам да кажам дека апсолутно не е точно. Никој што го знам не кажал вакво нешто. Штом ќе стане безбедно, сакаме да ја завршиме оваа сезона. Јас сум подготвен, нашиот клуб е подготвен. Ништо не треба да се прекине", напиша тој на Твитер.

Инаку,  НБА-лигата беше прекината на 11 март поради пандемијата на коронавирус и сè уште не е јасно што ќе се случи со сезоната и дали ќе продолжи.

притисни ентер