Ле Поен: Орбан против пристапните преговори со Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан останува жестоко против преговорите со Украина за пристапување во Европската унија (ЕУ), тврдејќи дека земјата е зафатена од корупција и претставува закана за европското земјоделство, пренесе Бета.

-Украина е позната како една од најкорумпираните земји во светот. Не можеме да донесеме одлука за почеток на процесот на пристапни преговори (со таа земја), рече Орбан во Париз во интервју за неделникот Ле Поен пред европскиот Состанок на Советот на кој ќе се разгледува тоа прашање.

На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Орбан рече дека наместо пристапни преговори, ЕУ треба да влезе во стратешко партнерство со Украина.

Унгарскиот премиер, кој е во прва посета на Париз од 2015 година, рече дека пристапните преговори со Украина ќе бидат економски товар и за Франција.

-Секоја година ќе треба да плаќате повеќе од 3,5 милијарди евра дополнителни средства во заедничкиот буџет на Унијата, рече Орбан во интервјуто за Ле Поен.

Орбан, кој се сретна со Макрон во четвртокот вечерта, остана на ставот дека Унгарците се против отворањето на пристапните преговори со Украина.

Сепак, унгарскиот премиер призна дека на Украина и е тешко бидејќи „страда од руската инвазија“ и додаде дека „легитимно е Европскиот совет да испрати добар сигнал до Украина на претстојниот состанок“, а тоа треба да биде стратешко партнерство. /МИА

Османи издал наредба на Ејупи уште денеска да ѝ се изготви дипломатски пасош

Oсвен за Ејупи, Османи потпишал решенија за испраќање и на други вработени во министерството на неколкумесечна испомош во ДКП-ата каде во летните месеци имало зголемен обем на конзуларни услуги.

На само неколку денови пред збогување со министерската функција Бујар Османи наредил на несудената конзулка во Њујорк и поранешна ТВ презентерка Бесмира Ејупи уште денеска по итна постапка да и се изготви дипломатски пасош и најскоро да почне со работа во дипломатско конзуларното претставништво во Бон, Германија, велат неофицијални извори од МНР. Како што претходно објави Канал 5, освен за Ејупи, Османи потпишал решенија за испраќање и на други вработени во министерството на неколкумесечна испомош во ДКП-ата каде во летните месеци имало зголемен обем на конзуларни услуги. Но, последните решенија на Османи, меѓу кои се и распишаните конкурси за испраќање на 15 нови дипломати ширум светот ќе бидат ревидирани од новата влада, најави мандатарот Христијан Мицкоски.

„ Се што ќе биде констатирано како незаконско и надвор од процедурите не само што ќе биде корегирано, ќе се соочат со законски последици мора да престане праксата на злоупотреба и неказнивост мора да имаме влада која ќе биде одговорна и која сите оние девијантни однесувања, не само во минатото, туки и сега се појават ќе бидат жестоко санкционирани. Идната влада мора да биде слуга на граѓаните, не смееме да ги разочараме. “-Христијан Мицкоски – 12 минута

Наредбите на Османи, кои ги издава пред напуштање на владиниот кабинет, за вицепремиерот Бојан Маричиќ кој исто така е во заминување, се неконректни. Тој во гостување во поткастот „На кавга со Иван“ кажа дека не го оправдува ваквото однесување на Османи.

„ Мислам дека е некоректно во последните денови од мандатот да се прават такви потези. Освен оние неопходни кадровски решенија.

Зарем Бесмира е толку неопходна ?

Тоа треба да си одговори Османи, но јас тоа не би го направил. “-Бојан Маричиќ

Реакција за одлуките на Османи претходно пристигна и од Македонскиот дипломатски синдикат од каде изјавија дека е некоректно да се распишува конкурс во моменти кога се очекува новиот министер Тимчо Муцунски да дојде на функција.

Миле Јанакиески излезе на слобода по шест години во притвор и затвор

По шест години во затвор, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески од денеска е на слобода. 

Утринава е пуштен од истражниот затвор во Шутка, потврди за Канал 5 неговиот адвокат Еленко Миланов. Таму ја издржуваше казната за предметот Титаник поврзан со изборни нерегуларности за кој призна вина. Во 2022 година беше осуден на 4 и пол години затворска казна а следната година скопска Апелација му ја намали на 3 и пол години. Во март годинава Апелациониот суд одлучи да ја уважи жалбата на Јанакиески со која бараше условен отпуст, но и ова решение со кое првично требаше да излезе од затвор во јануари догодина го преиначи со денешен датум, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело – беше наведено во одлуката на Апелација.

Случајот Титаник беше еден од првите кои ги отвори сега згаснатото СЈО. Јанакиески беше обвинет и во предметите Топлик и Талир, но со ланските измени на Кривичниот законик кривичните дела во овие предмети застареа.

Јанакиески сепак останува обвинет во два случаи за кои ќе треба да се појави во судница. Првостепената пресуда за Организатори на 27 април Апелација ја укина и го врати предметот на повторно одлучување во Кривичен откако утврди дека понискиот суд сторил суштествени повреди во постапката. Екс министерот е првообвинет за злоупотреба на службената положба во случајот Шпански скали. Вкупно 11 лица опфатени во овој предмет се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур претходно утврди дека на Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите за Организатори на 27 април и за „Шпански скали“ а државата да му плати отштета од 3900 евра.

Со условен отпуст од затвор излегоа и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков каде ја издржуваше затворската казна за случајот Империја, како и поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска која беше осудена на четиригодишна затворска казна за случајот Тенк.

Вработен во „Македонски Шуми“ не може да се оперира од рак, претпријатието не платило придонеси

Корун иако е вработен не може да се лекува во здравствените установи на товар на Фондот.

Околу 80 илјади денари приватно треба да плати Корун Кукуловски од Ресен за ПЕТ скен снимање што е клучно за да се знае дали Корун треба да направи операција откако му било потврдено дека има малиген рак на простата со укажување дека ракот може да се прошири и на други органи. Корун иако е вработен не може да се лекува во здравствените установи на товар на Фондот бидејќи од Јавното претпријатие Македонски Шуми не им испалатиле две плати а со тоа не им исплатиле ниту здравствено и пензиско осигурување. Корун за спас бара помош а ако не ја добие ќе продава тоа што може да се продаде.

Од претпијатието Македонски Шуми за Канал 5 објаснуваат дека сметката е блокирана од Управата за јавни приходи и дека се додека не се плати долгот плата ќе нема. Единствено директорот Гуревски гледа можност доколку од управата дозволат да се плати само здравствено осигурување.

Од синдикатот на Македонски шуми раскажуваат дека не е само Корун единствен случај кому итно треба итна интервенција и колега од Гевгелија чека здраваствено тој на болницата во Веле и должи за направена операција без осигурување.

Во Март годинава околку две илјади вработи од 30 подружници штрајкуваа поради неплатени плати и и придонеси.

.

притисни ентер